Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сто македонски војници заминуваат во Словенија за да помогнат по поплавите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сто македонски војници заминуваат во Словенија за да помогнат по поплавите

МАКЕДОНИЈА ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА

Владата на денешната седница донела одлука за испраќање на припадници на нашата Армија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

„Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата, кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од 30 дена за учество во давање помош на Република Словенија.

22 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ КАРПАЛАК

Стојанче Ангелов, на својот фејсбук профил се присети на заседите на Карпалак од 2001 година.

„ ЗАСЕДИТЕ КАЈ КАРПАЛАК 

На самиот крај на јули 2001 година на повик за помош, вод специјалци од Тигрите итно упатив кон Тетовско да извлече опкружена мала полициска единица. Командантот на Тигрите Горан Здравковски беше надвор од државата во набавка на специфично оружје. Вод од дваесетина Тигри со 4 борбени оклопни возила "Хермелин" и едно теренско возило "Пинц Гауер" со тревога ја напушти касарната Илинден продолжувајќи по автопатот од Скопје кон Тетово.  Во моментот кога колоната бирбени возила на Тигрите навлегла во месноста Карпалак врз нив бил отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ). Во тој момент јас, иако триесетина дена претходно тешко ранет во Арачиново, се наоѓав на своето командно место во касарната Илинден.

Министерката Славјанка Петровска положи венец со свежо цвеќе за загинатите кај Карпалак и пред медиумите рече дека денеска до општина Желино ќе биде испратено барање за изградба на спомен обележје за загинатите бранители

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ШТЕТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Надојдената река Драва во Хрватска „проголта“ цела населба. 

Се гледаат само покривите на куќите над површината на водата и неколку напуштени чамци.

Водостојот продолжува да расте, а во стариот дел на Содерица, таканаречениот Кетер, реката потопила сè што ќе и се најде на патот, објавува еПодравина.

Во Словенија со повлекувањето на водата се зголемува ризикот од свлечишта. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните кои деновиве отидоа да пазаруваат тестенини, особено оние кои ја преферираат италијанската марка „Дивела“, беа шокирани кога ги здогледаа полиците со нивното омилено јадење.

Министерството за транспорт и врски на 28 јули му префрли уште 443.602.000 денари на јавното претпријатие „Државни патишта“, што е трета трансакција по ред наменета за „Бехтел и Енка“, изведувачот кој треба да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10д.

Штип и Аеродром сеуште чекаат на владин „благослов“, а во меѓувреме уште три други општини ја стартуваа постапката за издавање на општински обврзници.

Македонската јавност не е мирна по вториот потврден случај на конго-кримска хеморагична треска, вирус кој го пренесуваат крлежите. Повозрасните скопјани ја паметат првата епидемијата од 1971 година кога две лица од тетовско починале како последица од заразната болест.

Многу наши граѓани признаваат дека не внимаваат многу на начинот на исхрана, а на нивното мени често е и брзата храна. Поради брзиот начин на живот, посегнуваат по тостови, хамбургери, иако се свесни дека ризици по здравјето постојат од внесување на ваква храна во организмот.

Слично

Поврзани вести