ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 44 Авганистанци, но и германските експерти
СТИГНА НОВАТА ТУРА АВГАНИСТАНЦИ
Северна Македонија се вклучи во спасувачка мисија за уште 44 граѓани од Авганистан, активисти на организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin) основана од принцот Чарлс, соопштија од Владата.
Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот.ВО ЗЕМЈАВА ДОЈДОА ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ
Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово.
Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата.
Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.НОВИ 617 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш - по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар - по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Куманово – 24, Гостивар и Прилеп – по 23, Тетово – 16, Велес – 15, Битола – 14, Кичево – 13, Струмица – 12, Свети Николе – 11, Штип - 10, Македонски Брод – 8, Кавадарци – 5, Неготино – 4, Кочани Кратово и Гевгелија – по 3, Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци - по 2, Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
МОЖНО Е ДА ИМА ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИИ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Износот на каматата што некој граѓанин или фирма го има за било каков застарен долг, да не биде повисок од износот на основицата на долгот. Или пластичен пример. Доколку одреден граѓанин или фирма имал долг од пред 10 години, на сума од 1.000 денари, износот на каматите што му се трупале со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, да не бидат повисоки од исто така 1.000 денари.