Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправна изградба на објекти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправна изградба на објекти

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ Е ОСУДЕН НА КАЗНА ЗАТВОР ОД 3.5 ГОДИНИ

Првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, доби затворска казна од три и пол години за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. За истото дело, поранешен вработен во општината доби условна казна од две години. Пресудата е сè уште неправосилна, а Јакимовски најави жалба, тврдејќи дека е невин уште од самиот почеток на постапката.

„Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 157/21 против С.Ј. и Т.Ѓ., со која двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на начин што: С.Ј. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело“, соопшти кривичниот суд.

ПАЛЕВСКИ РАСКАЖУВАШЕ ШТО ПРАВЕЛ НА ДЕНОТ КОГА Е УБИЕНА ВАЊА

Љупчо Палевски, кој е обвинет за убиството на малата Вања, на денешното рочиште раскажуваше што правел на 27 ноември 2023 година. Тој рече дека станал рано, околу 08.30 часот, што се разликува од Обвинителството, кое тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. 

Според Палчо, тој ден работел на материјали за набавка на ирански дронови. Откако станал, рачно го запалил котелот на пелети во куќата, пристигнале материјали за 540 милиони долари, ирански пари во македонски банки, нив ги ставил на клауд и пратил пораки, налог за работа, на лицето Зоран Петковски. Како што тврди, потоа, во периодот до 10 часот шетал куче, пиел кафе и бил во банка.

СО ЛАЖНИ ДИЈАГНОЗИ ДАВАЛЕ ТУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ

Обвинителството за организиран криминал во голема акција низ цела држава, се испитуваат јкривични дела со кои му се нанела штета на Фондот за здравство. 

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета  на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, се вели во соопштението од обвинителството за организиран криминал. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу странци заминале во туристичка посета на Гренланд откако американскиот претседател Доналд Трамп лани кажа дека сака да го спои островот со Соединетите Американски Држави(САД).

Не се дозна кој ги купи 4,99 отсто од акциите на Стопанска банка Битола за сума од над еден милион евра. 

Ново задолжување на државата на домашниот пазар на пари. Издадени се два типа на обврзници според рочноста, на вкупен износ од над 30 милиони евра. 

За тоа колку е интензивен извозот на јагнешко месо и дали е доходовна дејноста мора да се знае дека во истиот период лани извозот бил 1,5 милиони евра, а годинава е помалку од половина милион евра. Бројките за првиот квартал на оваа струмичка компанија го потврдуваат наративот дека извозот на јагнешко од Македонија годинава значајно потфрли

Македонските правни и физички лица минатата година на странските пазари истргувале акции, односно хартии од вредност, во висина од дури 105 милиони евра. Сумата на купени, односно продадени акции е за повеќе од двојно поголема споредена со таа од една година претходно.

Слично

Поврзани вести