Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевче Јакимовски и Билјана Ванковска ги собраа потребните 10.000 потписи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевче Јакимовски и Билјана Ванковска ги собраа потребните 10.000 потписи

ЈАКИМОВСКИ И ВАНКОВСКА СОБРАА 10.000 ПОТПИСИ

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска ги собра потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

Како што изјави Јакимовски за Канал 5,  до денеска собрал над 10.300 потписи, со што го исполнил цензусот за неговата кандидатура за претседател на Македонија. 

Билјана Ванковска, претседателската кандидатка на Левица ги собра потписите. 

„Левица има претседателски кандидат. Проф. Билјана Ванковска ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме на поддршката од над 10.000 потписи за оваа заедничка борба“, стои во објавата на Левица.

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА МЕРКО

Поднесено e обвинение за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за луксузното Ауди. 

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за Мерко за набавка на луксузното Ауди А6, соопштија од Jaвното обвинителство.  Пред четири години обвинителството почна истрага за набавка на четири службени возила, меѓу кои и Ауди А6. Вкупната вредност на набавените возила изнесувала 114 илјади евра, а само аудито 66 илјади евра. 

ДЕСНА ОБЈАВИ ПИСМО ОД ПАЛЕВСКИ

Во јавноста партијата „Десна“ испрати наводно писмо кое е од Љупчо Палевски-Пачло, кој, пак, е првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таму меѓу другото тврди дека не е одговорен за злосторствата кои му се ставаат на товар. 

„Денес е 80-ти ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи САМИЦА, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.Некако успеав да обезбедам АДВОКАТ, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.

KAВГИ ВО ЛЕВИЦА

Препукувањата во „Левица“ добиваат уште поголеми размери. По најавата на Дарко Масларковски дека ја напушта партијата, што беше проследено и со тврдења на социјалните мрежи дека тој е донатор на ВРМО-ДПМНЕ, утринава од „Левица“ објавија дека расчистуваат со членови на партијата кои ги нарекоа „џган“.

Оваа објава предизвика реакција од нивниот член, Бранко Ристов, кој спротивно на објавата на „Левица“ посочува дека отказот го дал во партија и не гледа причина за јавно обвинвуање, кога целел кон тивко напуштање на партијата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните секојдневно слушаат негативни вести за случувањата во нашава земја. Сведоци се на политички препукувања, чести случаи на семејно насилство, потешкотии да се извадат нови лични документи, поскапувања, сиромаштија и слично.

-Кара прв пат се онесвести во училиште пред скоро две години, односно во јуни 2022 година, оттогаш почна нашата борба, вака го започна разговорот за Фактор, нејзиниот татко, Васе Селовски, кој има поминато низ многу тешки ситуации, прво за да се дојде до некаква дијагноза на болеста од која пати Кара, а потоа и да се обезбедат точни лекарства.

Битолска човек-фирма регистрирана за останати деловни помошни услужни дејности доби тендер во РЕК Битола вреден 61.000 евра и за тие пари ќе и продава заштитни маски за потребите на вработените кои работат во правливи услови. 

Минатата година не била поволна за дел од текстилните компании во земјава.

Државата гарантира дека ќе го обештети инвеститорот во случај идната централа „МИТИЛИНЕОС“ да претпри штета ако има војна или пак вооружен грабеж, но и во случај на некој друг тип на вонредна состојба, револт, немири и востанија. Ова е наведено во новото, изменето законско решение за стратешкиот инвеститор „МИТИЛИНЕОС“ доставено во Собранието.

Слично

Поврзани вести