Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стефан Богоев излезе од притвор со гаранција од 55.000 евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стефан Богоев излезе од притвор со гаранција од 55.000 евра

СТЕФАН БОГОЕВ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО ГАРАНЦИЈА

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот ексдиректор на Царинската управа Стефан Богоев, донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција.

Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра, во денарска противвредност во корист на Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, соопшти судот.

АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

Апелацискиот суд Скопје ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош.

Од Судот соопштија дека постапувајќи по жалбите на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител, е донесена второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за кривичното дело бесправно градење, за кое на Јакимовски му е изречена казна затвор во траење од една година.

Во изречената казна ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година.

СВЕДОЧЕШЕ ТАТКОТО НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ

Со презентирање на снимки од претресот во семејната куќа во Неготино, обвинителката Искра Хаџи Василева, денеска ја почна доказната постапка против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари.

Таткото на обвинетиот Ѓоко Ристов, Здравко Ристов посочил дека просторот каде што биле пронајдени 350.000 евра го користел неговиот син. 

Во судницата беше пуштена видеоснимка од претресот, на која се гледа како истражителите ги кршат кујнските плочки и откриваат шуплина во ѕидот, во која биле скриени 13 пакувања со вкупно 610 банкноти, во апоени од 200 и 500 евра, завиткани во алуминиумска фолија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните пријавуваат сомнежи за даночни затајувања во Управата за јавни приходи(УЈП), а лани се примени нешто помалку од 900 пријави, додека во првите пет месеци од 2026 година, стигнале над 260 пријави.

Со цел долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти, но и зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија, како и зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи, Министерството за енергетика до народните избраници достави Закон за користење на енергијата од обновливи извори. 

Македонија преку ЕСМ минатата година платила 3 милиони евра за закупот на капацитет, иако не го користел гасниот терминал во грчкиот Александрополис. Ова е објавено во финансискиот извештај на Електрани на Северна Македонија за 2025. 

До крајот на оваа година се очекуваат теренски активности за проектот за пругата на Коридор 10, најави премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Демократскиот институт рефендум може да биде една од најмоќните алатки на граѓаните за корекција на политиките на власта, но и да се употреби за факторизација на опозицијата или спротивставената политичка понуда.

Слично

Поврзани вести