Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стефан Богоев и уште тројца одат во притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стефан Богоев и уште тројца одат во притвор

СТЕФАН БОГОЕВ И ДРУГИ ТРИ ЛИЦА ОДАТ ВО ПРИТВОР

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои:

Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАЈЦ ЗА МАКЕДОНИЈА ПОМИНА, НО ЕУ БАРА РЕФОРМИ

Европратениците од Комисијата за надворешни работи (AFET) предупредуваат дека напредокот на Северна Македонија во реформите поврзани со ЕУ е недоволен, особено во областа на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.

Во извештајот кој денеска е усвоен, членовите на ЕП ја нагласија својата целосна поддршка за посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ, но потенцираа дека напредокот во пристапните преговори и понатаму зависи од трајни и длабоки реформи. Тие изразија жалење за недостигот на напредок од последниот извештај и истакнаа дека е итно потребна обновена политичка посветеност и меѓупартиска соработка.

Со 43 гласа „за“ и 17 „против“, усвоен извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи ( АФЕТ) во Европскиот Парламент.

ОТКРИЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ИЈЗ

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

-И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата - рече Андоновска.

Кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за реагенси.

Македонија во 2025 година претрпела штета од околу 50,1 милион евра од шумските пожари, покажуваат податоците од Извештајот за работењето на ЈП „Национални шуми“ за 2025 година. Според документот, во текот на годината биле евидентирани 178 шумски пожари, при што биле опожарени 17.631,71 хектари шума и шумско земјиште, а изгореле 282.931 кубни метри дрвна маса.


Слично

Поврзани вести