Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ставовите на Георгиевски кренаа прашина, бурни реакции и осуди

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ставовите на Георгиевски кренаа прашина, бурни реакции и осуди

СТАВОВИТЕ НА ГЕОГРИЕВСКИ ПОТТИКНАА РЕАКЦИИ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше за предлогот кој го даде екс премиерот Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија. 

Според Димитриевски, тој е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. 


Академик Катица Ќулавкова реагира на предлогот на екс премиерот Љупчо Георгиевски за тоа како во неколку чекори да се реши спорот со Бугарија. 

Таа вели дека Георгиевски застанал во одбрана на бугарскиот културен и државен хегемонизам.

Петар Богојески од Македонски концепт вели дека е изненаден од тоа како екс премиерот Љупчо Георгиевски површно зборува и нуди решение за сериозно прашање како што е спорот со Бугарија. 

Вели дека од него очекувал нешто посуштинско. Според него,  коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале „купи ден помини” стил на политика.

Изнесените ставови на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши македонско - бугарскиот спор, поттикнаа  многу реакции, а со став се јавија и партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека премиерот Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон.

„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, сака испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.

СДСМ велат дека нивните ставови се различни од оние на Георгиевски. Тие тврдат дека де отворени за дијалог, но за идентитетот не се преговара.

НОВИ 305 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАВА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22,  Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од:

Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г),  3 пациенти од Прилеп  (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

МОЖНИ ЛИ СЕ НОВИ МЕРКИ?

Британскиот сој на коронавирусот зема замав во земјава. 

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат последните случувања околу коронавирусот и ширењето на британскиот сој.

Кавадарци, Охрид и Прилеп се нови жаришта, каде британскиот сој го зголеми бројот на позитивни лица. Тие отскокнуваат со бројот на активни случаи во однос на другите општини. Бројките на заразени со денови се високи. Изминатите денови имаше над 500, но и над 700 заразени. 

АРТАН ГРУБИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ МАСОВНО ДА СЕ САМОПОПИШАТ

Првиот вицепремиер Артан Груби преку Фејсбук ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број. 

Тој даде инструкции како да се самопопишат, и да ја споделат информацијата со своите семејства. 

„Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството“, пишува Груби.


Слично

Поврзани вести