Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ утре ќе го блокира Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ утре ќе го блокира Собранието

ССМ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот.

Ова го објавија од ССМ утрово на социјалните мрежи, каде посочуваат дека Протестот / БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците - “11-ти Октомври“ и “Даме Груев”.

- Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.

ВЕШТАК ОД СЛОВЕНИЈА СВЕДОЧЕШЕ ЗА ОНКОЛОГИЈА

Од 51 медицинска документација само во една имало конзилијарно мислење за терапијата. Ова го кажа вештак од Словенија на судењето за случајот „Онкологија“. 

„Од разгледаната медицинска документација, одделни ретки наоди беа структурирани, но во голем број наоди беше забележано дека пациентот добива лек, а нема забележани какви потешкотии има, значи без анамнеза и без клинички преглед и какви се протоколите. Генерално гледано, целокупната документација беше многу нецелосна“, изјави вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет „Марибор“ во Словенија.

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ДОБИ ШТИПСКИОТ УГОСТИТЕЛ КОЈ ЈА УБИ СВОЈАТА МАЈКА

Казна доживотен затвор доби штипјанецот Стојанче Зарков (54) кој ја уби неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова на 8 август 2025 во семејниот дом во Штип. 

Зарков бил во алкохолизирана состојба кога ја нападнал со остар предмет мајка си и ѝ нанел смртоносна убодна рана. Пресудата, која е неправосилна, ја изрече Основниот суд во Штип.

Инаку Зарков е штипски угостител, во јавноста познат како Грофот. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема анализа за економската оправданост за користењето возила на лизинг. Недостига процедура или упатства за утврдување на вистинската потреба од возила или од условите кои треба да ги исполнат. Капак на се, за лизинг на возила за државните институции последните години се јавувала само една фирма.

Со новиот Закон за органско земјоделско производство се воведува современа и усогласена правна рамка што треба да обезбеди одржлив развој на органското производство, заштита на животната средина и јакнење на довербата на потрошувачите. 

Издавањето кредитна картичка од македонските деловни банки значи и дека годишно би плаќале „членарина“, а таа е главно околу 1.500 денари, доколку се заклучи од пријавените тарифи на платформата на Народна банка за споредба на надоместоците за платежните услуги.

Слично

Поврзани вести