ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ пак излезе на блокада и порача дека ако нема повисоки плати, постојано ќе бидат на улица
ССМ ПАК ИЗЛЕЗЕ НА БЛОКАДИ
По бројните реакции во јавноста дека мал број синдикалци излегле на блокадите, се огласи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Според него, таква одлука е донесена за да ги заштитат работниците.
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТРЕНДАФИЛОВ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИ НА ДАФИНА СТОЈАНОСКА
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во Карпош рече дека претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,Слободан Трендафилов, бил со крвави зеници во неговата реакција откако пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ сними и објави видео на кое беа малолетните деца на синдикалниот лидер.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов вечерва се заблагодари на власта за пи-арот што, според него, насмеал половина, држава, а ја свртел против нив и другата половина.
МАРКО БИСЛИМОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД РКЕ
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, дознава порталот Дојче веле.
Како што пишува порталот, Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.ОБВИНИТЕЛКАТА ЈОСИФОСКА ВЕЛИ ДЕКА ТВРДЕЊАТА НА КАДРИУ СЕ ЛАГА
И Јавната обвинителка Елизабета Јосифоска испрати реакција на изјавите на адвокатката Лејла Кадриу во телевизиско гостување.
- Адвокатката Лејла Кадриу во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ емитувана на 06.02.2026 година на ТВ Алфа изнесе низа невистини, лаги и клевети во однос на моето постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, во однос на постапувањето на другите јавни обвинители во тоа обвинителство и во однос на работењето на целото Специјално јавно обвинителство.
Сметам дека овие лажни и клеветнички изнесувања се направени со цел да се наруши мојата чест и професионален углед, но и да се дискредитира работењето на целата институција Специјално јавно обвинителство - пишува Јосифоска во рекацијата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Слободан Трендафилов
