ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ го блокираше Собранието
ССМ ДЕНЕСКА ГО БЛОКИРАШЕ СОБРАНИЕТО
Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.
Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието.
Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.ПОЛИЦИЈАТА ТРГНУВА ВО ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА АВТОБУСИ И КАМИОНИ
Сообраќајната полиција ќе се приклучи на европската кампања за зголемена контрола на автобуси и товарни возила, која ќе се спроведува во периодот од 9 до 15 февруари, информираат од полицијата.
Кампањата се реализира во координација со европската асоцијација на сообраќајни полиции, а целта е подобрување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници, со посебен акцент на професионалните возачи.ВЕШТАКОТ ОД СЛОВЕНИЈА ТВРДИ ДЕКА ПАЦИЕНТИТЕ ДОБИВАЛЕ НЕСООДВЕТНА КОМБИНАЦИЈА НА ЛЕКОВИ
Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет „Марибор“, Словенија, која денеска сведочеше во случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека пациентка со рак на јајници, според документацијата, била лекувана со „капецетабин“ таблети, кои, како што рече Равник, не се даваат во вакви случаи.
„Пациентката се води со рак на дојка, а ракот на јајници не се лекува со ‘капецетабин’ таблети. Дека имала рак на јајници се потврдува во записот од хистологија, добиен подоцна“, изјави вештакот од Словенија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Вангел Тануровски
