Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ даде рок до крајот на февруари да се зголемат платите или во март ќе се случи генерален штрајк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ даде рок до крајот на февруари да се зголемат платите или во март ќе се случи генерален штрајк

АКО НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, ССМ ВО МАРТ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. 

Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. Дотогаш не се исклучува можноста и за таргетирани блокади и во други градови во државава.

ПАНЧЕВСКИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ УСЛОВИТЕ ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Поранешниот судија Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови за да се кандидира за државен јавен обвинител.

Советот на Јавното Обвинителство утврди дека тој има стаж но е непрекинат. Членовите беа едногласни дека тој не ги исполнува условите и за него на денешната седница Советот нема да даде мислење 

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 официјално поднесе кандидатура за функцијата Државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во пријавата доставена до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни законски услови за извршување на оваа висока функција.

Откако Советот на Јавни обвинители не даде позитивно мислење за кандидатот за ЈО, Владимир Панчевски, се огласи тој на социјалните мрежи со објава на документ кој покажува колкав стаж има.

УСТАВЕН ОФОРМИ ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска информираше дека веќе се формирани четири предмети поврзани со системот „Безбеден град“.  Рече дека постапувањето ќе се одвива со висок приоритет и забрзана динамика.

Костадиновски нагласи дека Судот ќе пристапи внимателно и одговорно кон разгледувањето на предметите, имајќи ја предвид важноста на системот за јавната безбедност, но и потребата од почитување на уставните права на граѓаните. Претседателот на Уставен потенцираше дека не може да ја прејудицира конечната одлука на Судот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако надлежните неодамна соопштија дека водата во Струга е небезбедна, жителите си купуваат вода за пиење и готвење, а оние кои имаат можности, си носат од околните села или извори.

Минатата година од октомври, банките во Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансиска и економска конвергенција со Европската Унија. 

Со засилувањето на протестите организирани од Сојузот на синдикати на Македонија треба да се постигне ескалацијата на политичкиот судир меѓу власта и синдикалното движење. 

фото ССМ

Слично

Поврзани вести