Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Средбата Мицкоски-Таравари била конструктивна, разговорите продолжуваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Средбата Мицкоски-Таравари била конструктивна, разговорите продолжуваат

РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ ПРОДОЛЖУВААТ

Заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, а од Владата соопштија само дека била „во конструктивен дух“. 

Разговорите продолжуваат, а во текот на овој месец ќе се знае иднината на функционирањето на Алијансата за Албанците на Таравари. Мицкоски на средбата ги потврдил јавно изнесените позиции, велат од Владата.

СЕ НАВРШИЈА 80 ГОДИНИ ОД КОДИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. 

„Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање туку и миг на будење, миг кога повторно си кажуваме – ова е наше, ова е вредно, ова е вечно“, изјави Мицкоски вечерва на свечена академија во Македонскиот народен театар по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Цитирајќи ги Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески, спомнувајќи ја заложбата и на нивните претходници – просветителите, преродбениците и учебникарите, премиерот нагласи дека тие се грамадни личности кои ги поставиле темелите на јазикот како идентитетско обележје и затоа, рече, иако е кодифициран и станал официјален во 1945, јазикот постои многу векови.

ПРЕМИЕРОТ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип рече дека планира да се сретне со родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, како одговор на прашањето дали владата планира да им помогне на засегнатите семејства.

„Јас сум континуирано запознаен и континуирано ја следам состојбата. Членови од мојот Кабинет секоја недела на редовна основа разговараат со родителите 

Ќе разговарам лично со родителите - и на повредените и со тие кои трагично ги загубија најмилите. Ние на дневна основа разговараме со сите кои се поврзани со трагедијата во Кочани. Цела Македонија болува и се уште болува. Тоа не е болка која ќе престане. Но мораме да се соочиме со тоа, свесен сум дека ќе има и структури кои лешинарски ќе се обидат да соберат некои политички поени, но и тоа е начин на политичко делување. Важно е ние да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, а понатаму граѓаните да бидат тие што ќе судат“, порача премиерот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со првиот испит по мајчин јазик и литература, односно ( македонски, албански, турски и српски јазик и литература) закажан за 31. мај, почнува полагањето државна матура оваа учебна година. Околу 15.000 матуранти од сите средни училишта низ земјава се подготвуваат за најважните испити во нивното досегашно образование, билетот за идните факултетски клупи.

Иако кафето поскапе поради неколку глобални фактори и цените во кафулињата сега се повисоки, од угостителските објекти кои ги контактиравме во различни градови, велат дека македонските граѓани не штедат на кафе. Тоа им е омилено и без разлика на покачувањето на цената, сепак уживаат да пијат кафе. Од кафулињата велат дека нема некои промени во однос на потрошувачката.

Државата преку УЈП од Стопанска банка Скопје по основ на персоналец и особено данок за заддршка за најголемиот странски акционер ќе наплати 6,5 милиони евра. Околу 55,4 милиони евра одат во Грција кај најголемиот акционер НБГ, а повеќе од 1.400 македонски државјани ќе поделат над 3 милиони евра.

АД ЕСМ од крајот на минатиот месец за прв пат јавно преку отворен систем на понуди објави оглас за продажба на лебдечката пепел како отпад која се создава како нус-производ од согорениот јаглен на РЕК Битола. 

Нема никакви изненадувања, ниту позитивни ниту негативни, кај најголемиот производител на вино во земјава, компанијата на бизнисменот Светозар Јаневски, „Тиквеш“.

Слично

Поврзани вести