Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

РЕАКЦИИ ОД СРБИЈА ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на македонскиот колега Бујар Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница за геноцид. Дачиќ го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.

Османи денеска рече дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. 

„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани“, рече Дачиќ.

По изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцид во Сребереница, во која ја повика  Србија да ја поддржи, прв со реакција се јави поранешниот шеф на безбедоносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана, лидерот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, кој порача дека Македонија можела барем да се воздржи, ако веќе не може да ја поддржи Србија.

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија(ДПСМ), Иван Стоиљковиќ реагира на денешната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи за коспонзорство на Македонија во ОН за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.

САМО ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ БАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека после нападот на Иран врз Израел, еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел. 

Македонскиот амбасадор во Израел, пак, со неговото семејство требало да се евакуира, но денеска откако биле пуштени училиштата во функција, останале да видат како ќе се одвива ситуацијата.

ОСМАНИ ЌЕ БАРА МАКЕДОНИЈА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ОТВОРЕН БАЛКАН

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи е незадоволен од иницијативата Отворен Балкан и ќе побара излегување на Македонија. 

Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

„Ова што го прави опозицијата е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема“, изјави денеска Османи на новинарско прашање по прес-конференција во МНР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Посетителите од Турција продолжуваат да ја освојуваат Македонија. И последните податоци од статистичарите покажуваат дека најмногу гости дошле токму од Турција, а овој тренд е присутен во нашата земја подолг период.

Одлична дивиденда ќе добијат акционерите на РЖ Техничка контрола. Компанијата која се занимава со физичко-хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата, својата одлуката за исплата на дивиденда ќе ја потврди на акционерското собрание, кое е закажано за 15 мај оваа година.

Голема е веројатноста дека големиот македонски поп-композитор Григор Копров веќе „не пишува ноти“ за најголемата македонска хотелиерска компанија. Бројот на акции кои во петок беа истргувани на берза е идентичен на бројот на акции кои во „Македонијатурист“ ги поседуваше 80 годишниот композитор Копров

Сточарите од сите краеви на Македонија велат дека многу тешко наоѓаат овчари кои ќе се грижат за нивните стада, а платата достигнува и до 1.000 евра. 

Слично

Поврзани вести