Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Спасовски вели дека кривичните пријави се политички мотивирани, а Трајанов поднесе иницијатива до Уставен за Хашките случаи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Спасовски вели дека кривичните пријави се политички мотивирани, а Трајанов поднесе иницијатива до Уставен за Хашките случаи

СПАСОВСКИ СЕ ОБЈАСНУВАШЕ ЗА ПАСОШИТЕ

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи. Вели дека МВР ги преземало сите активности за промена на документите после Договорот од Преспа. 

„Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година“, изјави Спасовски во топ Тема.

Вели дека биле создадени сите предуслови граѓаните на време да ги заменат документите. 

ТРАЈАНОВ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за хашките случаи. 

Тоа е иницијатива за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестијата, со што се запре постапката за четирите хашки случаи: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

По автентичното толкување, се запре постапката за четирите хашки предмети: „Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година“.

БОНЕВА Е ОСЛОБОДЕНА ВО СЛУЧАЈОТ ЗА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ,Силвана Бонева, објави дека по шест години е ослободена од обвинение во случајот кој го отвори поранешното СЈО за лажно претставување на патни трошоци со цел екс-функционерката да прибави поголема материјална корист од Собранието.

Бонева беше обвинета во случајот „Друмарина“ дека поднесувала лажни фискални сметки, односно фискални сметки од други лица наместо нејзини и со нив наплаќала патни трошоци во периодот додека беше пратеничка.

„Ослободителна пресуда! После 6 години голгота, правдата победи! Вистината излезе на виделина!

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бизнисмененот Имер Селмани отвора бизнис со производство на моторно масло, а поранешниот кандидат за претседател на Македонија веќе го регистрираше брендот „Техно Оил“ со седиште во Сарај. 

Голема бура во јавноста крена најавата за доделување на статус на стратешки инвеститор на грчки Митилинеос, кој во земјава ќе гради гасна централа, но за тоа ќе добие значајно државно субвенционирање. 

Откупувачот е должен да ја понуди највисоката вредност при принуден откуп на акции во едно друштво. 

И членови на Надзорниот одбор купуваат акции во Комерцијална банка, откако со исти такви пакети се стекнаа двајца членови на Управниот одбор и директори во банката.

Претстојниот март ќе биде еден од потешките месеци за враќање пари од државата кон домашните кредитори.


Слично

Поврзани вести