Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Советот на јавни обвинители ја разреши Вилма Русковска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Советот на јавни обвинители ја разреши Вилма Русковска

ВИЛМА РУСКОВСКА Е РАЗРЕШЕНА

Советот на јавни обвинители на денешната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Таа пак, за МКД.мк најави пензионирање. 

- Официјално јас сѐ уште сум во работен однос во Јавното обвинителство, но по денешната одлука на Советот на јавни обвинители ќе побарам од обвинителството да ми ги дадат документите и пред ФЗОМ ќе покренам постапка за пензионирање. Нема да се жалам на одлуката на советот - изјави за порталот МКД.мк поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал по нејзиното разрешување.

ГЕРМАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ЗБЕСНА ПОРАДИ ЏАМБАСКИ

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска предизвика бес во Европскиот парламент, споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашисти.

Германскиот европратеник од редовите на Зелените, Рајнхард Бутикофер рече дека Џамбаски треба да биде исфрлен од средбата. 

Пратеничката Соња Мираковска му рече на Џамбаски (ВМРО) дека штетниот говор на омраза на социјалните мрежи бил предизвикан од неговото однесување.

„Не знам дали сега или некогаш ќе имате прилика да се слушнете каков провокатор сте, како се однесувате кон вашата колешка. Вие сте таа мантра која предизвикува омраза. И ние говорот на омраза на социјалните мрежи не можеме да го запреме, бидејќи е предизвикан од вашето однесување“, вели таа. 

ОПШТИНА КУМАНОВО ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА МУЗЕЈОТ ВО СОПОТ

Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група на непознати лица за узурпација на недвижности и бесправно градење во случајот со меморијалниот комплекс на ДУИ во кумановско Сопот.

„Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Двојни аршини или двојни правила. Голем број граѓани преку социјалните мрежи, но и воопшто во меѓусебна комуникација постојано се жалат дека во нашата земја правилата не важат еднакво за сите граѓани.

Владата на 10 ноември му исплатил вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници - Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги добива наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Проценките се дека повеќе од  77.000 млади луѓе од Македонија заминале во странство последните години.

Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор на нашата најголема и најмоќна градежна компанија „Гранит“ се стекнал со 11.731 обична акција на ова акциконерско друштво. Според нашите пресметки, станува збор за мал процент од капиталот на компанијата, или за нецел половина процент, односно прецизно 0,38 отсто.

Сакал, несакал најголемиот доверител на „Еуроникел индустри“ нема математика да го остави комбинатот без струја. Иако таа дневно ќе го чини 10.000 евра. Џокерот за животот на „ФЕНИ“ е неговата печка која мора да се одржува топла, а со неа и комбинатот жив.

Владиката Петар лично е сопственик на регионалната телевизија „Вистел“. Ако досега газда на телевизијата беше неговата фирма „Преобразба“, каде Владиката Петар се јавува како основач и управител, од денеска и формално, како физичко лице е единствен сопственик на телевизијата, која зрачи во етерот веќе неколку месеци. 

Целосно прокапани тавани, тоалети во распаѓање, подовите и ѕидовите уништени...Мирис на влага и на старо насекаде. Вака ја опишаа амбулантата во Автокоманда пациенти кои таму добиваат здравствени услуги. Велат дека објектот, односно бараката само што не пропаднала.

Слично

Поврзани вести