Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ветиле дека ќе гласаат за програмата на Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ветиле дека ќе гласаат за програмата на Арсовска

СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ДАДАТ ПОДДРШКА НА ПРОГРАМАТА НА АРСОВСКА

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека советничките групи на наредната седница на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на „Комунална хигиена“ за вработување на околу 120 лица, како и средства за ЈСП со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. 

На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи, Славески посочи дека градоначалничката Данела Арсовска дошла со директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“ Скопје и „ЈСП“ Скопје. 

„Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20, а во некои групи и 30 години“, вели Славески.

ФРЧКОСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД АМБАСАДОРСКОТО МЕСТО

Постојаниот претставник на Македонија во ООН во Њујорк, амбасадорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка. Тој за ова ги информирал претседателката Гордана Силјановска – Давкова и Министерството за надворешни работи. Фрчкоски неодамна беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото. 

Побараниот разговор со новиот министер Тимчо Муцунски се уште не е реализиран поради здравствени причини.

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ОБЈАВИ ДЕКА ДОБИВАЛА ЗАКАНИ

Убиството во центарот на Скопје, не само што ги загрижи граѓаните, туку предизвика и лавина од препукувања меѓу владините и опозициските претставнии. По критиките од поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска дека зад убиството стои самиот премиер, за што Мицкоски најави тужба, министерката излезе со тврдење дека убијците се осуденици кои избегале од затвор и се бараат со потерница. 

Заради нејзините критики и јавно објавени ставови, Петровска на Фејсбук сподели дека добива закани на социјалните мрежи, на кои има фотографии од нејзе и нејзиниот миленик. 

- Ме сликате, ме следите и се заканувате.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пироманите чувствуваат интензивен нагон да подметнуваат пожари, вели психологот Наташа Бекирова.

Над 75 отсто од сите акции на светиниколските оранжерии „Градинар“ вчера на берза се продадени за 81.500 евра. Овие оранжерии кои располагаат со 35 хектари земја лани имале приход поголем од 400.000 евра и добивка од 34.000 евра.

Државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) добива нов генерален директор. Станува збор за докажан менаџер во областа на продажбата, а неговото име е Лазар Узунчев. Своевремено прв човек на најголемата и најуспешна компанија за продажба на бела техника и уреди за домаќинството „Нептун“. Узунчев има меѓународно искуство и во областа на трговија и застапување на брендови од областа на оптиката.

На точно 6 милиони евра помалку приходи во однос на минатата година, претходното раководство на „Национални шуми“ одлучило да вработува уште 400 нови работници, објавено е во извештајот за годишното работење за 2023 на јавното претпријатие.

Една од најинтересните зделки во најава која во последниов период ја окупира домашната бизнис и финансиска јавност, секако дека е понудата од Комерцијална банка за купување на сите обични акции на Стопанска банка Битола.

Граѓаните и компаниите на банките во земјава им должат над 7,5 милијарди евра. Односно, над 7,5 милијарди евра достигнува кредитното задолжување во домашните банки во земајва.

Слично

Поврзани вести