ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сопственикот на „Пулс“ не се чувствува виновен, во судница беше кажано дека син му сакал да се самоубие
ГАЗДАТА НА „ПУЛС“ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН
До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ.
Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да фали нешто, изјави сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, во воведните зборови на денешното рочиште во судницата во Идризово.
Јованов, кој претходно изјави дека не се чувствува виновен, изрази сочувство, дополнувајќи дека ја познава болката и тагата на починатите и нивните блиски, бидејќи и тој, како што рече, има починат член од фамилијата.МИХАИЛ ЈОВАНОВ ИМАЛ САМОУБИСТВЕНИ МИСЛИ
Адвокатка Ивана Коцевска која го брани Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов, газдата на дискотеката „Пулс“, кажа дека тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. дискотека.
ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ ВО СДСМ
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, најави кадровско освежување во партијата.
Тој посочи дека на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ, ќе побара оставка од членовите и на следниот Централен одбор, ќе се избере новиот состав на ИО.
НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ КАЗНИ ЗА „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ ИМА ОД ЈАНУАРИ ИЛИ РОКОТ ЌЕ СЕ ПРОЛОНГИРА
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на пес конференција беше запрашан за пораките што возачите ги добиле за надминување на брзината за 1,2,3 километри на час, односно 51/52/53.
„Ако сме се договориле дека на ниво на држава треба да се вози 50, тогаш треба да се вози 50. Има земји во ЕУ каде строго е дозволено 50, а има земји каде што толеранцијата е 10 проценти. За тоа ќе треба да се договориме“, рече тој.
Запрашан за тоа дали имплементацијата ќе почне на први јануари, тој рече дека не е сигурно и дека можеби ќе почне на втори или пак за месец подоцна, се со цел системот правилно да се имплементира но и да се доедуцираат граѓаните за неговото функционирање.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
