Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сопственикот на Пуцко Петрол, Јахоски останува во притвор и покрај понудената гаранција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сопственикот на Пуцко Петрол, Јахоски останува во притвор и покрај понудената гаранција

ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски останува во притвор, а 2 милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка. 

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРА ПРОТЕСТИРАА, МИНИСТЕРОТ ВЕЛИ УТРЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТА

Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. 

Toj се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3.000  вработени во секторот култура во 120 институции.

Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес. Вели дека пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Објасни дека околу 6 отсто ќе биде во просек зголемувањето на платите кај сите вработени.

КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ

За време на празниците непознати лица краделе во домот на пратеникот Фатмир Битиќи во Бутел.

На 21 април во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б. (49) од Скопје пријавил дека во периодот од 7.30 часот на 18 април до 3 часот на 21 април со употреба на сила и погоден алат е влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и се одземени пари и други предмети.

РЕК БИТОЛА СЕ СПРАВУВА СО ЛЕБДЕЧКА ПЕПЕЛ

РЕК Битола ja информира јавноста дека активно работи на надминување на предизвиците со одлагањето на пепелта и ги уверува граѓаните дека квалитетот на воздухот не е нарушен. Ваквото соопштение следува по изминатите реакции во јавноста во врска со наводите за несоодветно одлагање на пепелта во РЕК Битола и неговото разнесување од ветерот.

„Иако присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава во изминатите децении поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку 3,7 километарска лента, РЕК Битола активно работи на нејзино минимизирање. Пепелта, како нуспроизвод од производството на електрична енергија, се третира со континуирано навлажнување, проследено со одлагање и засипување со земја. Сепак, високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој и евентуално подигнување на прашина при нејзиното спуштање во касетата“, тврдат од РЕК Битола.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По само осум месеци работа на новото директорско место, Државни електрани на Македонија остана без еден од седумте директори како членови на Управниот одбор. Формално е објавено дека Ѓорѓи Ѓорѓиевски повеќе не е директор за правни и општи работи во АД ЕСМ, а неговото име е избришано од одборот на раководители во најголемата енергетска компанија во земјата.

Банката лани се стегна и оствари солидна добивка, особено ако се има предвид дека претходната 2023 година ја заврши со негативен резултат, што се смета за значаен успех, но акционерите нема да поделат дивиденда, а и не можат да го сторат тоа.

Слично

Поврзани вести