ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот
СОПСТВЕНИК НА СЕРВИС ЛОЦИРАН ДО „ПУЛС“ СВЕДОЧЕШЕ ЗА ПОЖАРОТ
На денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше, Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката. Николов сведочеше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.
Тој објасни дека сервисот го работи од 2009 година, а објектот на дискотеката бил изнајмен во летото 2012 година, кога започнало неговото реновирање.
-Они дојдоа го изнајмија објектот 2012, летниот период, тогаш почнаа да си спремаат, да си работат внатре што треба, рече Николов, додавајќи дека претходно таму имало конфекција и магацин за ташни.БОГДАНОВИЌ И СДСМ СИ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ
По соопштенијата на СДСМ во врска со наводното промовирање на српскиот свет во Македонија и инсталации на српскиот претседател Александар Вучиќ, поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ одговори за прозивките.
СТОИЛКОВИЌ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОТПУШТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ на Фејсбук објави видео и покажа како изгледа канцеларијата на оние кадри кои се отпуштени од министерството.
Канцеларијата изгледа неуредно, а внатре има и импровизиран кревет.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, пишува Стоилковиќ.
Од власта денеска на седница во Собранието кажаа дека нема да толерираат вакво однесување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото МИА
