Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софија тврди дека нема да наметнува нови услови за Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софија тврди дека нема да наметнува нови услови за Македонија

БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ ТВРДАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА

Софија соопшти дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија. 

„Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ“, изјави денеска министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, пренесува агенцијата БТА.

Министерот им се заблагодари на пратениците за одлуката поврзана со напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија, која беше усвоена минатата недела. Во одлуката на парламентот од минатата недела се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите на Македонија исто така строго да ги спроведуваат договорите што ги презедоа, потсетува БТА.

КЛЕКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

На трибината "Кочани е наш приоритет", Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство. 

Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има впечаток дека до јавноста како повеќе да стигнуваат негативните примери, отколку позитивните, нагласувајќи дека има повеќе такви. 

ШАБАН САЛИУ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА НИКАКВА ВИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Министерот без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, кој е еден од осомничените за пожарот во Кочани, пред две недели е пуштен од затворски притвор.

Денеска ја даде и првата изјава за неговото гледиште на истрагата што се води и вели дека апсолутно не чувствива никаква одговорност како поранешен директор на ДЗС.- Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Разни деловни објекти, делови од опрема за фабрики, како и украсни предмети заедно со делови од куќи или цели куќи, земјиште, канцелариски материјали, машини, опрема и разни други предмети се нудат на продажба од домашните комерцијални банки. 

Адинг, реномираната македонска индустрија специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво, ги реизбра своите членови на органите на управување и раководење.

Просечната нето плата во Развојната банка на Македонија, каде што државата поседува стоотсто од акциите, во текот на минатата година достигнала точно 1.000 евра. Ова може да се види во извештаите на банката која посредува помеѓу меѓународните финансиски институции и домашните деловни банки во поволното кредитирање на малите, средните и големите бизниси.


Слично

Поврзани вести