Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието со 81 глас „за“ ги усвои измените – „Безбеден град“ почнува од 1 февруари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието со 81 глас „за“ ги усвои измените – „Безбеден град“ почнува од 1 февруари

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за почеток на системот за автоматско снимање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше одделно.

За законот беше потребно гласање од двотретинско мнозинство. 

Законот предвидува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со помош на технички средства и уреди за снимање. Брзото и ефикасно санкционирање на прекршителите и изрекувањето санкции се очекува да влијае на генерална превенција во областа на безбедноста на сообраќајот.

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски упати посебна благодарност до граѓаните кои, како што рече, во тест-периодот на системот „Безбеден град“ покажале дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ НА УСТАВЕН ЌЕ ГО ОБЖАЛИ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Алијанса за Албанците идната недела ќе го обжали проектот „Безбеден град“ пред Уставниот суд. 

Алијансата за Албанците го изразува својот критички став кон усвоените измени на Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Safe City”, оценувајќи дека тековната примена на овој проект отвора сериозни правни, социјални и уставни прашања.

„Селективната примена на проектот „Safe City” само во Скопје, Куманово и Тетово е неправедна и дискриминаторска. Проект кој има за цел да ја зголеми јавната безбедност треба да се применува рамноправно на целата територија на државата, а не делумно и селективно. АА констатира дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните. Известувањата и санкциите кои произлегуваат од проектот „Safe City” не се обезбедуваат рамноправно на албански јазик, што претставува директно кршење на јазичните права на албанските граѓани и е неприфатливо во една мултиетничка држава. 

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТА ПРОТЕСТИРАА ПОРАДИ ПЛАТИТЕ

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во цела држава поради тоа што платата, иако е 23 јануари, се уште не им е исплатена, објави Сојузот на Синдикатите на Македонија.

- Претседателот на Синдикатот во Македонски пошти денеска заедно со вработените нагласи дека протестите ќе траат додека платата не биде исплатена, а менаџментот ќе биде известен дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, веднаш ќе се започне со протест, а не е исклучен и штрајк на сите вработени - се наведува во нивното соопштение.

Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организирање штрајк во услови кога е обезбедена плата за сите вработени.

БОРЧЕ МАРКОВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО ГАРАНЦИЈА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски, е пуштен од притвор.

Неофицијално, гаранцијата што ја дал за да не избега изнесува речиси 5 милиони евра. Таа вклучува куќа со двор во Битола и три стана, исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот под гаранција се водат и 25 булдожери и камиони, кои се дел од фирмата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Разни делови од опрема за фабрики, но и украсни предмети како приврзоци или украси од познатиот бренд „Сваровски“, но и друг тип на рачно изработени сребрени сувенири се на листите на банките за продажба.

На околу девет милиони евра се зголемиле финансиските побарувања што како краткорочна помош во позајмици им ги давал МЕПСО на претпријатијата кои работат со загуби - АД Железници Транспорт, АД Пошта и АД Водостопанство.

Слично

Поврзани вести