Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието ја отфрли интерпелацијата за Тошковски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието ја отфрли интерпелацијата за Тошковски

СОБРАНИЕТО ЈА ОТФРЛИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТОШКОВСКИ

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски, која ја поднесе Левица.

Од Левица, но и пратениците од СДСМ се пожалија на скандали и безбедносни пропусти. Обвинија за неефикасност, неажурност и политизиранист на македонската полиција, а со тоа и на МВР, што, како што оценија, резултира со пораст на криминалот, убиства, афери и трагедии по непостапување во случаите на семејно насилство.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, застанаа во одбрана на Тошковски, оценувајќи дека актуелното раководство на МВР постигнало повисока ефикасност, разбило повеќе криминални групи и придонело за намалување на повеќе видови криминал.

МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

 „Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза и домашна визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција. 

Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, во соработка со Министерството за дигитална трансформација.  Преку стратешко партнерство со  фабриката за вештачка интелигенција „Pharos“ во Грција, „Везилка“ ја вклучува државава во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.

НА ТРОТИНЕТ САМО СО НАПОЛНЕТИ 18 ГОДИНИ

Владата предлага нови правила за електричните тротинети, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Согласно предложените измени, лицата што управуваат со тротинети ќе мора да имаат најмалку 18 години, а максималната брзина се ограничува на 20 километри на час.

Покрај тоа, се заоструваат казните – освен глобата, тротинетот може да биде привремено одземен во период од 30 дена. Предлогот е ставен на дневен ред на денешната пленарна седница на Собранието на иницијатива на мнозинството.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека измените се резултат на анализи од последните две и пол години, во кои учествувале околу 2.000 лица, од кои 46 загинале, а 556 имале тешки повреди.

БУГАРСКОТО МНР СЕ ЈАВИ ЗА ПАТУВАЊЕТО ВО ПАМПОРОВО НА СОПРУГАТА И СИНОТ НА МИЦКОСКИ

Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“ на семејството на премиерот Христијан Мицкоски. 

Се јави бугарското Министерство за надворешни работи кое вели дека тие не дистрибуирале дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членовите на семејството на Мицкоски. И велат дека настанот е од „далечно минато“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од основањето важат за институција со посакувани примања, а иако некогаш броеја помалку вработени, денес оваа институција може да се пофали и со бројот вработени, но и со плати кои во нашата земја се многу примамливи.

Пред две години во Македонија се доселиле 200 Украинци, 59 Руси и 9 Белоруси.

Инекс Горица АД Охрид, друштвото поврзано со хотелскиот комплекс „Инекс Олгица Хотел & СПА“, во 2025 година остварило приходи од околу 2,14 милиони евра и добивка од околу 223 илјади евра. Една година претходно, приходите изнесувале околу 1,95 милиони евра, а добивката околу 158 илјади евра.

На Рама, „сеалбанскиот“ лидер, му смета македонската нијанса на „Фламинго“ револуцијата во Албанија, односно присуството на Албанци од Македонија на протестите во нашиот западен сосед.

Слично

Поврзани вести