Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието го донесе законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието го донесе законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА

Собранието со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. 

Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен и оти ќе се помогне на општините и на стопанството.

НАИМ РАМУКА Е РАЗРЕШЕН

Клан Македонија дознава дека е разрешен шефот на северната гранична полиција Наим Рамука

Инаку, Наим Рамука беше главен осомничен за придружбата на претседателот на Собранието Африм Гаши и преминувањето на свадбената поворка без полициска контрола на граничниот премин Блаце.

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ПОСЕТАТА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НЕ БИЛА ОФИЦИЈАЛНА

Бугарското  Министерство за надворешни работи(МНР) го правда потегот на амбасадорот Жељазко Радуков кој одби да ја прими протестната нота, поради неистакнувањето на македонското знаме на средбата во Софија,  со став дека посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова немала ниту државен, ниту официјален или работен карактер. 

Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Ова вчера го изјави и амбасадорот Радуков во разговорот со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, посочуваат од бугарскот МНР за Нова.бг

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Изминатиов период имаше неколку напади на различни места во Германија, а со оглед на фактот дека голем број Македонци живеат и работат во оваа европска држава, ги прашавме дали тоа им влева страв и паника, дали размислуваат за безбедноста.

За уредување, засадување, одржување тревник пред влезот на МЕПСО како и за зимзелени и листопадни садници, систем капака по капка и цвеќиња државната компанија за една година ќе потроши речиси 18.000 евра

ЕСМ објави оглас за долгорочна набавка на електрична енергија за период од две недели, во кои на два пати авансно ќе се купува струја од добавувачи во период кога на регионалната HUPX берза има големи ценовни отстапувања..

Голема трансакција од близу два милиони евра помина во петокот преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.


Слично

Поврзани вести