Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Со чартер летови македонските државјани од недела се враќаат од Блискиот Исток

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Со чартер летови македонските државјани од недела се враќаат од Блискиот Исток

ЗАДУТРЕ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК

Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови ќе почне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од Министерството соопштија дека попладнево е склучен договор со авиокомпанија, во согласност со Законот за јавни набавки и по спроведена соодветна постапка. Според утврдениот план, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Процесот, како што посочуваат, се координира од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ НАДЗОРОТ НА ЦСР ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ

Јавното обвинителство на РСМ денеска соопшти дека оформило предмет врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош.

ОЈО Скопје, како што информираат ид ЈОРСМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

АКО НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ЌЕ ИМА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Доколку нема договор за зголемување на платите, ќе има генерален штрајк.

Работниците ќе излезат на голем протест на 14 март, со барање за зголемување на минималната плата од 600 евра, како и зголемување на сите останати плати од 6.000 денари.

Протестот ќе почне во 12:05 часот, бидејќи, како што вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, одамна е поминато пет часот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола ја заврши 2025 година со значително подобар финансиски резултат, покажува најновиот годишен извештај за работењето на комбинатот објавен на Македонска берза. 

Бугарска фирма, основана лани во Бугарија, ги зеде под закуп складиштата за продажба на нафтени деривати на големо на бизнисменот Ангел Пецов.

Во европските кулоари се шири паника од можна нова енергетска криза, предизвикана од продолжен конфликт на Блискиот Исток и нарушување на снабдувањето со клучните енергенси, иако првичните економски шокови засега се подносливи. 

Слично

Поврзани вести