Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Со 70 гласа „за“ Собранието ја укина техничката влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Со 70 гласа „за“ Собранието ја укина техничката влада

СОБРАНИЕТО ЈА УКИНА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

Собранието попладнево ги изгласа измените на Законот за Владата со 70 гласа „за“ и 11 „против“, информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Укинувањето на техничката влада ќе се одложи и ќе стапи во сила по следните парламентарни избори. 

Милошоски информираше дека со овие законски измени се предвидува промена на досегашниот модел, но со временска одредница која го остава актуелниот систем да важи до наредниот изборен циклус. 

РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ ДОБИ ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР

Раде Трајковски-Штекли денеска e осуден на осум години затвор за трговија со дрога.

Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана.

Обвинетиот Стефан Китанов судот го осудува на затвор од пет години. Александар Бучевски го осудува на пет години, Стојан Миланов го осудува на казна затвор од 3 години и 10 месеци, обвинетиот Филип Таневски го осудува на пет години затвор.

СЛУЧАЈ НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ ВО ГОСТИВАР

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во текот на минатата година биле исплатени 103.685.000 евра за директно субвенционирање на производството на земјоделците, објавено е во годишниот извештај на Агенцијата за финансиска поддршка. Платежната агенција, доколку се споредат извештаите за потрошени средства, една година претходно исплатила 142.771.000 милиони евра директни субвенции, односно околу 39 милиони евра повеќе.

Емануел Макрон е последниот влијателен лидер од претходната генерација политичари кои беа мотори на Европската Унија. Соочен со можен пораз на национално ниво од крајнодесничарската партија на Ле Пен, еден од последните големи потези на „малиот Наполеон“ ќе биде осамостојувањето на Европа од турбулентната врска со САД и конечно целосно обединување на континентот под едно знаме. 

Државата ќе продава 71 говедо од познатиот кривопаланечки случај, стадо кое со години предизвикуваше реакции кај жителите, институционални препукувања и прашања за тоа како толкав број животни можеле да се движат без контрола низ Крива Паланка и околните села.

Десетте најголеми даночни должници меѓу фирмите во најновата листа на Управата за јавни приходи имаат вкупен долг од 58,76 милиони евра, односно 3,61 милијарди денари, покажуваат податоците што ги обработи редакцијата на Фактор.

Од туристичките агенции објаснуваат дека поради војната на Блискиот Исток, македонските туристи избегнуваат патувања во Египет и Дубаи. Овие две дестинации ги сметаат за поризични, а Турција останува атрактивна земја за посета. 

Слично

Поврзани вести