Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежните врнежи направија хаос на дел од патиштата во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежните врнежи направија хаос на дел од патиштата во Македонија

СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО СООБРАЌАЈОТ

Маврово е под снег, но патот не е исчистен. 

Оние граѓани кои за викенд се упатиле кон оваа туристичка дестинација, наидоа на коловоз под снег. Утрово автопатот Скопје- Тетово – Гостивар речиси е целосно под снег. 

Во земјава најмногу снег падна на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесуваше 85 сантиметри, а во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.

НОВИ 377 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Струга, Пробиштип и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Охрид – 23, Прилеп – 20, Кавадарци и Куманово – по 17, Битола – 13, Делчево – 10, Струга – 8, Велес и Ресен – по 5, Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по 4, Гевгелија – 3, Тетово, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по 1.

ПЕНДАРОВСКИ ПРИМИ ТРЕТА ДОЗА

Претседателот на државата, Стево Пендеровски ја прими и третата доза од вакцината против ковид. 

Тој денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. Порача дека масовната вакцинација е најсигурен начин за справување со вирусот.

„Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите“, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Малдиви, Сејшели, Маурициус, Египет, се дестинации на кои ќе отпатуваат дел од граѓаните за празниците.

Од туристичките агенции велат дека на прсти се бројат оние кои нудат патувања на егзотични места. Скопјани како и претходните години покажале најголем интерес за посета на далечни дестинации. Во внатрешноста, интересот е далеку послаб.

Слично

Поврзани вести