ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопските градоначалници бараат одземање на ингеренцијата од Арсовска
СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ БАРААТ ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИЈА НА АРСОВСКА
За барањето за да и се одземат ингеренции на градоначалничката Данела Арсовска, се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Скопје не смее повеќе да биде заложник на неспособноста на Данела Арсовска!
Оддржавме координација помеѓу градоначалниците на општините на која разговаравме за проблемите со кои се соочуваме, а се во директна надлежност на Градот Скопје.
Имаме комплетно нефункционални јавни претпријатија кои не ги исполнуваат своите обврски кон скопјани и покрај тоа што граѓаните секој месец плаќаат утврден надоместок за тоа!AРСОВСКА МУ ВРАТИ НА МИЦКОСКИ
Откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката, се огласија од град Скопје.
Во соопштение оттаму велат дека десет месеци Советот на градот, под контрола на Мицковски намерно не ја гласа програмата за ЈАВНА ЧИСТОТА НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА со што директно го попречува собирањето на смет и ја намерно ја нарушува јавната чистота. Се работи за 100 луѓе кои во период од 20 години наназад редовно, секоја година го чистеле градот, освен оваа година.
Оттаму исто така одаваат дека советниците под контрола на Мицковски за оваа своја партиска послушност за секоја седница добиваат по 500 евра. Единствен губитник во оваа политичка игра на акумулирање на моќ се граѓаните на Скопје.МЕМЕТИ ДОБИ УСЛОВНА
УКРАИНА РАЗМИСЛУВА ЗА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО КУРСК
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разгледува можноста за создавање украинска воена администрација во Курската област.
Тој изјави дека имал состанок посветен на безбедносната и хуманитарната ситуација во руската област Курск, каде што украинската армија спроведува невидена досега прекугранична офанзива.
„Безбедност, хуманитарна помош, воспоставување воена администрација ако е потребно“, напиша Зеленски на „Телеграм“, објавувајќи видео од состанокот со високи претставници од Киев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во текот на изминатиот месец бројот на регистрирани со корона вирусот е десет пати поголем отколку во јуни, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Најголем број се пријавени од Скопје, а регистрирано е едно починато лице асоцирано со КОВИД-19.Во јули има 250 пријавени случаи, наспроти 25 во јуни, и само 23 во јули изминатата година.Во Македонија и натаму беснеат пожари, а пожарникарите се борат со огнената стихија. Со години во земјава има поплаки и критики дека немаме доволен број пожарникари, дека возилата се стари со децении и слично.
Двајцата министри што во Владата доаѓаат од редовите на ЗНАМ - Горан Минчев и Игор Филков, непосредно пред да бидат назначени на своите функции, биле управители, односно сопственици на скопски фирми.
