ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопје меѓу најзагадените градови во светот, партиите се обвинуваат кој требал да преземе мерки
ПАРТИИТЕ ВО КАВГА ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ
СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Левица поради намалување на средствата во градскиот буџет предвидени за редуцирање на загадувањето на воздухот во главниот град.
„Додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.
Во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.
Таков е буџетот на Град Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 проценти“, гласи реакцијата на владеачката партија.Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, по извршената контрола на терен на загадениот воздух на Скопје, одговорноста ја префрли на Градот и на општините, со тврдење дека најголем загадувач во моментов е градежната оператива.
ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА КАЈ ВЕЛЕС
Тешка сообраќајна несреќа се случила на железничкиот премин Порцеланка кај Велес каде железничкото возило удрило во комбе со патници.
Комбе вршело јавен превоз за потребите на Општина Чашка.
Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, ја објави информацијата и рече дека среќата била на страната на патниците, затоа што минале со полесни повреди.AНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИЛА НОВИ СЛУЧАИ
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција, во денешното интербју за Гласот на Америка објави дека се водат истраги за бизнисот со електрична енергија во земјата.
„Да, имаме отворено случаи. Сега сме во период кога ги прибираме сите потребни документи. Откако ќе заврши тој процес на прибирање на документацијата, ќе пристапиме кон анализи и ќе излеземе во јавноста со нашите заклучоци. Отворени се случаи за можни коруптивни појави во бизнисот со соларно производство на електрична енергија“, обелодени првата антикорупционерка за VOA.
Taa додава дека претстојат детални проверки на случаите, во кои е сепак посебно тешко да се докаже влијанието.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
