Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопје, Битола, Тетово, Прилеп - имаше нови дојави за бомби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопје, Битола, Тетово, Прилеп - имаше нови дојави за бомби

НЕ ЗАПИРААТ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ

Лажни дојави за бомби утрово стигнале на електронските адреси на училишта во Скопје, Битола, Тетово и Прилеп.

Дојавите се пристигнати во две училишта во Тетово, едно училиште во Битола, три училишта во Прилеп и седум училишта во Скопје. Според официјалните информации од училиштата, тие се веднаш евакуирани и сите закани се пријавени во полиција. Попладнево закана за поставена бомба има и во основното училиште во селото Погорци Струшко.

„Попладнево на меил адресите на училиштата стигнаа заканите“, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Преку размената на податоци, и соработка која Македонија ја има со соседните земји, со сите членки на НАТО, Интерпол, Европол, е дојдено до сознанија дека текстот во мејловите преку кои се испраќаат лажни дојави за бомби во училиштата и кај нас и кај неколку соседни држави меѓу кои Црна Гора, но и во Република Српска,  е скоро ист.


ДЕЛОТО НА МИЈАЛКОВ ЗА ТИТАНИК 2 ЗАСТАРУВА ВО АПРИЛ

На Сашо Мијалков, поранешен директор на тајната полиција, делото за Титаник 2 треба да му остари на 7 април наредната година. Тоа денеска го потврди и шефот на скопското обвинителство, обвинителот Гаврил Бубевски, кој е всушност застапник на обвинението. 

-Предметот застарува за четири месеци само во однос на обвинетиот Сашо Мијалков затоа што дејствијата за кои се товари се до пет години затвор (апсолутна застареност настапува за 10 години). Во однос на другите обвинети предметот останува во процедура затоа што роковите за застареност се многу поголеми. Меѓутоа, очигледно гледате дека судот прави напори сето ова да заврши во најбрз можен рок. Јас се надевам дека и Апелација во предвидениот рок, до моментот кога настапува апсолутна застареност, ќе има своја одлука, вели обвинителот Бубевски.

Инаку, Мијалков се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.

СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари идната година. 

АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПИРОТ

Отровен облак од амонијак синоќа со голема брзина се проширил на автопатот кај Пирот, кога возот што го превезувал овој отровен гас излетал од шините.

Луѓето и возачите кои се нашле таму панично избегале.

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, УЧИЛИШТАТАТА НЕМА ДА РАБОТАТ - нови детали за труењето кај Пирот на 51 лице

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Освен даночно ослободување за донации во спорт Министерството подготвува и дополнителни модалитети за поддршка на развојот на спортот

Во третиот квартал од 2022 година, во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини (АКН) се регистрирани 7.922 трансакции, од кои 6.098 продажби на недвижности и 1.824 закупи на недвижен имот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство во годината што следува, за плати на своите вработени ќе им подели 126,7 милиони денари, или 2,06 милиони евра.

Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во хотелот Александар Палас, точно во 19 часот започна седница на Советот на НАТО со која претседаваше генералниот секретар Џорџ Робертсон.

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании, брокери, или со еден збор сите релевантни чинители од домашната деловната заедница.

И овие празници граѓаните ќе ги прослават во согласност со можностите. Многу луѓе Новата година ќе ја дочекаат дома, но дел од населението може да си дозволи и патувања во Мексико, Дубаи, Египет или пак Париз, Прага, Белград. 

Фармацевтската компанија Галеника спроведе националното истражување за употребата на лекови меѓу граѓаните, но и да се види каква е состојбата после и поради пандемијата, а тоа  покажа промени во навиките на луѓето, односно нешто повеќе од половина од популацијата пешачат или рекреативно спортуваат и користат суплементи кои треба да им го одржат здравјето и  зајакнат имунитетот.

Слично

Поврзани вести