Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјанецот кој истепа млади фудбалери во Штип доби осум дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјанецот кој истепа млади фудбалери во Штип доби осум дена притвор

СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСТЕПА МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ВО ШТИП ДОБИ ПРИТВОР

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје кој вчера физички нападна двајца млади фудбалери за време на фудбалскиот натпревар за генерацијата 2009-2010 помеѓу клубовите „Скопје“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип.

Судијата на претходна постапка и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев, потврди дека на лицето од Скопје, А.А., му е одреден притвор од осум дена, по што ќе следи скратена постапка. Осомничениот ќе биде испратен во затворот во Куманово.

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност со Дисциплинскиот правилник (ДП) на ФФМ.

Најтежок инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички го нападна противничкиот играч, нанесувајќи му сериозни повреди. Согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, со кој се санкционира физички напад со потешки последици, му е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.

ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА СЕ ОСОМНИЧЕНИ 13 ЛУЃЕ

Денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тесна соработка со Управата за финансиска полиција.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, меѓу кои се и четворица косовски државјани и една државјанка на Република Хрватска.

МЕЧКИ СЕ ШЕТААТ ВО ТЕТОВСКО

Мечка влезе во селото Отуње, Тетовско, и јадеше остатоци од храна кои жителите ги оставиле на терасата. Домаќините во тој момент биле во куќата и со мобилен телефон ја снимиле мечката, пренесува Тетовоинфо.

Мечките од Шар Планина, во потрага по храна, навлегуваат во дворови и прават штети. Најмногу вакви случаи се регистрирани во селата Доброште, Теарце, Отуње и Сетоле.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Подолг одмор е подобар за да можат работниците да ги „наполнат батериите“ и да се вртат одморени на работа, што ќе придонесе за поголема продуктивност.

Можност за работа со скратено работно време, или пак полно работно време но по шест часа дневно, но и флексибилно работно време како и работа од дома се дел од предлог измените на законот за работни односи кои ги предлагаат пратениците од редовите на опозициската „Левица“.

Разлика од 4,8 милиони денари или 78 илјади евра се појавува на тендерот за превоз на вработените на патарините, кои директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски го склучи со приватниот превозник „Слобода Превоз“ на Ленин Јовановски. На тендерот, Јовановски учествуваше како група понудувачи, заедно со кумановската „Јоцо Турс“. 

Слично

Поврзани вести