Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите очи се вперени кон Косово каде имаше серија инциденти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите очи се вперени кон Косово каде имаше серија инциденти

НАПНАТО НА КОСОВО

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност повика на мир, на дијалог, на ослободување на невин човек (полицаецот Дејан Пантиќ), но и да не се напаѓаат КФОР и ЕУЛЕКС.

Се слушнал со преговарачи и европски политичари. Вели дека ова е тежок ден за него. 

„Презедовме соодветни мерки за заштита на татковината, пред секоја наредба милион пати ќе се обидеме да го зачуваме мирот“, рече тој.

По седницата тој посочи дека косовската полиција нема право да биде на северот на Косово. 

„Во ниедна ситуација, бидејќи немате новоизбрани претседатели на тие општини (четворица на север)“, рече тој.

За тензиите на Косово, со реакција се јави и албанскиот премиер Еди Рама. 

Вели дека нападите на северот на Косово се за осуда, Белград треба да влијае на Србите, а Европската Унија (ЕУ) да интервенира.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску денеска се приклучи кон острите реакции на ЕУ и САД за нападот со шок бомби врз патрола на ЕУЛЕКС во селото Велико Рударе кој се случи вчера по поставувањето на блокади.

ОБЈАВЕНО Е ВИДЕО НА КОЕ СЕ ГЛЕДА КАКО УЧЕНИК НАПАДНА ПРОФЕСОРКА

Канал 5 ТВ  објави видео на кое се гледа како ученик малтретира наствничка. Според телевизијата се работи за настан кој се случил во октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот, не превземала соодветни мерки!

Оттаму велат дека бараат од МВР уште вечерва да почне да го разрешува случајот. Во видеото од кои се гледа и се слуша дека ученикот кој снима зборува на албански јазик.

НАПАД НА КРИМ

Гори руска база на Крим. 

Украинското герилско движење „Атеш“, кое дејствува на Крим, денеска ја презеде одговорноста за палењето на руската воена база, објави „Украинска правда“.

„На овој „проект“ работевме долго време и, се разбира, сè излезе како што треба. Ќе продолжиме да ја уништуваме руската армија одвнатре“, изјавија членовите на „Атеш“ на Телеграм.

Ветија дека ќе го објават бројот на жртвите. „Украинска правда“ наведува дека некои руски медиуми во саботата објавиле дека има пожар во селото Советске, а се зборувало и за загинати војници. Прорускиот канал „Кримски“ пишувал за двајцата загинати војници, повикувајќи се на извор од владата на Крим, а по пожарот се преместени околу 200 војници. Тогаш руската страна кажа дека причина за пожарот е „невнимателно ракување“. 

Украина го нападна окупираниот Мелитопол, стратешки лоциран град во југоисточниот дел на земјата, соопштија украински и руски извори. Промосковските власти во областа велат дека две лица загинале, а 10 се повредени.

фото: ТВ Клан/Јутјуб/принтскрин

Слично

Поврзани вести