ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите го коментираат фактот дека Украина и Молдавија почнаа преговори, Македонија останува во чекалната
СИТЕ КОМЕНТИРААТ ЗОШТО НЕ ПОЧНАВМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
Лидерите на Европската Унија вчера во Брисел неочекувано се согласија да ги отворат преговорите за членство со Украина и Молдавија. Од друга страна, Македонија и Албанија не добија датум за отворање на поглавјата.
За прв пат за време на Самитот се огласи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Шефот на македонската дипломатија им честиташе на двете земји, а за тоа што на Македонија не и беше признат напредок ја обвини опозицијата.БОКИ 13 ТВРДИ ДЕКА ИМА СЕРИОЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ
Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски - Боки 13, денеска се појави во Апелациониот суд во Скопје на седницата закажана во врска со предметот за кој Основниот кривичен суд го осуди на девет години затвор.
Јовановски во моментот се брани од слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје неодамна донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор поради неговата лоша здравствена состојба.
Пред Апелациониот суд во Скопје, тој денеска изјави дека му била констатирана „интенстинална метаплазија“ на желудник и дел од тенките црева.ТРИКАФТА ПРИСТИГНУВА ИДНАТА НЕДЕЛА
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот Трикафта ќе биде доделен на пациентите.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com/gpointstudio
