Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Синот на спикерот Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Синот на спикерот Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители

СИНОТ НА ТАЛАТ И СОПРУГАТА НА АБАЗИ СТАНАА ОБВИНИТЕЛИ

Барлет Џафери денеска на седница на Советот на јавни обвинители е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Синот на собранискиот спикер Талат Џафер го мина изборот претходно под контроверзни услови, бидејчи Државната комисија за спречување на корупција објави дека тој положил правосуден испит пред да дипломира.

Синот на спикерот Џафери е еден од штотуку завршените кандидати на Академијата за судии и обвинители кои на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани на празните места во обвинителската структура.

ОСМАНИ СЕ ОБЈАСНУВАЛ ЗА ГОВОРОТ НА КОВАЧЕВСКИ

Привремениот министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, остварил билатерален разговор со македонскиот колега Бујар Османи од кого побарал објаснување зошто Димитар Ковачевски на Самитот на Европа во Рејкјавик подвлекол паралели помеѓу Македонија и Бугарија од една и Украина и Русија од друга страна.

Кондов побарал од Османи објаснување за изјавата на Ковачевски дека „дискурсот на Бугарија кон Северна Македонија е многу сличен со оној на Руската Федерација кон Украина“.

МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ РАНЕТ ВО БЕЛГРАД Е СТАБИЛЕН

Во стабилна состојба е Македонецот кој случајно е ранет при престрелката која се случи синоќа во српската престолнина Белград. 

Македонската амбасадорка во Белград, Михаела Веселинов го посетила ранетиот македонски државјанин, 21-годишниот Д.Л. кој се наоѓа во Ургентниот центар во Белград. По направениот хируршки третман, тој останува на интензивна нега и е надвор од животна опасност. Заедно со него бил и негов другар, македонски државјанин кој пак не е повреден.

НАЈАВЕНО Е ОТВОРАЊЕ НА БУГАРСКИ КЛУБ ВО ПУСТЕЦ

Oткако се појави веста дека утре на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола.

„Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија“, вели градоначалникот Пали Колефски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ОКТА останува неприкосновен увозник на нафтени деривати, а „Макпетрол“ и понатаму е најголем продавач на горива на мало. Но во структурата на господарите на октаните има измени. 

Уште непочнато со работа, новоформираното претпријатие за пренос на природен гас - Номгас, влезе во загуба од над еден милион евра.

Бројките укажуваат на заклучок дека Кавадарци е економски е најуспешниот град во Македонија од аспект на силни домашно поседувани компании. И му нема рамен. Веројатно е до поднебјето, генот, виното и серенадата.

Убедливо најголем провајдер на здравствени услуги во приватното здравство е клиничната болница „Аџибадем Систина“ која лани продуцирала мдицински услуги за над 60 милиони евра.

Проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија денеска е избран за нов декан на Медицинскиот Факултет. Тој е актуелен раководител на Катедрата по Хирургија при Медицинскиот Факултет – Скопје и има богато професионално досие.

Во време на криза и висока инфлација, има начин граѓаните да заштедат пари.

Алармантен е бројот на заразени со опасната бактерија ешерихија коли, на што деновиве предупредува Европскиот центар за контрола и превенција на болести. Оттаму посочуваат дека бактеријата станува се поагресивна пред се поради нејзината отпорност на антибиотици.

Слично

Поврзани вести