Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Синот на Муса Џафери го нападна Бислимовски, ќе „заработи“ кривична

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Синот на Муса Џафери го нападна Бислимовски, ќе „заработи“ кривична

СИНОТ НА МУСА ЏАФЕРИ ГО НАПАДНА БИСЛИМОВСКИ

Физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој вчера се случи во центарот на главниот град во земјава, не е напад само врз него како личност, туку практично е напад врз институциите на државата, односно врз самата држава.

Нападот го изврши синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, Аријант Џафери, кој е еден од сопствениците на компанијата У повер, за која, пак, неодамна, токму РКЕ, која е регулатор на пазарот со енергенси, ја почнса постапката за одземање на лиценцата за работа, бидејќи не ги исполнувала договорите кон потрошувачите, со кои имала склучено договори за снабдување со електрична енергија. 

Фактор веќе извести за овој напад, за кој осамна и видео на социјалните мрежи. 

БУГАРИЈА ИМА НОВ УСЛОВ

Бугарскиот претседател Румен Радев испорача долга листа услови кои задираат во историјата. 

Освен впишување на Бугарите во македонскиот устав, прифаќањето на историската вистина со Бугарија, запирање на говорот на омраза, Софија денеска на списокот го додаде и пописот. Таа ги чека бројките од попишани Бугари во Македонија, реферирајќи на 120.000 бугарски пасоши издадени на македонски граѓани.

„Бугарите заслужуваат да имаат свое место кое ќе биде јасно пишано, потребен ни е и резултатот од пописот кој заврши во С.Македонија, потребно ни е признавање на историската вистина и ако сето ова е исполнето ќе ни треба гаранција од ЕУ дека ќе го вклучат патоказот во процесот на преговарање. Многу е едноставно“, изјави Радев.

Радев не застана на тоа, тој побара и ЕУ да го гарантира спроведување на протоколот и тоа во процесот на преговорите на земјава, конкретно во поглавјето 35.

Maкедонскиот премиер Зоран Заев е разочаран од ставот на Бугарија, која не попушта за ветото. 

ДЕНЕС НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ицо Најдовски, д-р по историја, Македонец кој живее во Австралија објаснува дека неколку причини доведоа до тоа македонското население на овој континент да има слаб одзив на електронскиот попис кој заврши неодамна. 

Македонија од старт ќе загуби повеќе од 10 милиони евра со принудната набавка на 1,8 милиони тони увозен јаглен, иако ова е најевтина варијанта во ситуација кога цената на електричната енергија е енормно поскапена на европската берза, односно на либерализираниот пазар.

Фирмата Универзал Балкан ДООЕЛ го доби милионскиот тендер за изведба на фасада и за облагање на кровот на Турскиот театар во Скопје. Ова градежно проектантско трговско друштво треба да ја заврши работата за безмалку 3,8 милиони евра, а договорт го добива заедно со уште еден изведувач – штипското друштво за градежништво, инженеринг и трговија „Актива“. Толку пари ќе им префрли Националната установа Турски театар

Во најголемите сто фирми лани, девет се странски гринфилд инвестиции. Заедно, во нашиот БДП учествуваат со повеќе од 2,2 милијарди евра. Беа силен бедем во економскиот фронт против корона кризата!

Повисоки цени на маслото за јадење, брашното, лебот, месото... Тоа веќе станува реалност во земјава, а стопанствениците побараа итна средба со Владата, за, како што велат, да се договорат итни мерки, бидејќи во спротивно цените на храната би можеле да поскапат и за 50 отсто. 

За скандалот со одржувањето на извидничкиот камп кој последниот викенд во септември го организираше Првиот скопски извиднички одред на тема „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“ предмет води Основното јавно обвинителство, од каде за Фактор информираат дека сега е во фаза на предистражна постапка.

Слично

Поврзани вести