Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Симовски ги објави податоците од пописот, Левица не ги признава резултатите, ВМРО-ДПМНЕ вели дека тој е нецелосен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Симовски ги објави податоците од пописот, Левица не ги признава резултатите, ВМРО-ДПМНЕ вели дека тој е нецелосен

СИМОВСКИ ГИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, на денешната презентација на резултатите од пописот на населението како еден од факторите за 132.260-мина кои не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.

- Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.

Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.

Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).

ИМА РЕАКЦИИ

Левица ги оспорува резултатите од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година кои што ги објави денеска Државниот завод за статистика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, изјави дека овој попис е нецелосен и по промената на власта ќе направат нова статистичка операција која ќе биде реална и ќе биде спроведена по електронски пат.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е задоволен од пописот. 

РУСИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ПРАШАЊЕТО ЗА КРИМ Е ЗАТВОРЕНО

Русија не се откажува од Крим. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Русија со никого нема да разговара за прашањето за Крим, дури ни во преговорите со Украина. 

„Крим е дел од Русија и во согласност со нашиот Устав, не можеме со никого да разговараме за судбината на територијата на Русија, руските региони. Тоа е исклучено, пишува во нашиот Устав. И ние нема да разговараме за некои нијанси од преговорите со вас“, рече Песков. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонци од Скопје и Куманово веќе работат како доставувачи на храна во српската престолнина Белград.

Овие денови во Градската општа болница „8 Септември“ се надеваат дека ги лекуваат последните хоспитализирани пациенти поради компликации од корона вирусот. Велат дека хоспитализирани се само уште осум на Одделението за интензивна нега и секако се надеваат на нивно успешно излекување. 

Македонија е една од ретките земји во светот во која не се врши поврат на потрошениот Данок на додадена вредност (ДДВ) на лица странци кои немаат постојано живеалиште во земјава, а кои дошле и пазарувале овде.

Поранешниот премиер Зоран Заев потпишал четири владини одлуки за стратешки инвеститори на земјава, додека, пак, првиот вицепремиер за политички систем Артан Груби го ставил својот потпис на три такви одлуки.

Слично

Поврзани вести