ФАКТОР НА ДЕНОТ: Симовски даде детали за пописот, лицата во странство ќе се самопопишуваат
АПОСТОЛ СИМОВСКИ ОБЈАСНИ КАКО ЌЕ СЕ ВРШИ ПОПИСОТ
Резидентите секој сам од дома лично, а лицата кои се државјани на Македонија, а не се овде подолго од една година ќе се самопопишат преку посебна апликација која веќе е изработена или за нив ќе може да одговара лице кое добро ги познава. На пописот, најголемата статистичка операција која во Македонија ќе се спроведува во месеците март и април ќе се попишува вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население. Државниот завод за статистика ја објави денеска методологијата за извршување на овој процес.
Кој се е резидент, а кој не е? Според методологијата во вкупното резидентно население спаѓаат лицата државјани со место на вообичаено живеење во Македонија без оглед дали на пописот се наоѓаат на местото на живеење или во друго место во државата. Резиденти се и лицата – странци кои престојуваат во земјава подолго од 12 месеци со одобрение за привремен престој, но и лицата што имаат место на живеење во Македонија, а се во странство помалку од една година поради работи или друга причина како и членовите на нивните семесјтва кои престојуваат со нив.
Резиденти се и лицата што имаат место на вообичаено живеење во Македонија, но во моментот се во странство како дипломати или претставници на комори, на армијата. Во вкупното резидентно население спаѓаат и странците со признат статус на бегалец што ќе се најдат во Македонија за време на пописот, но и странците со признато право на азил поради супсидијарна заштита кои во времето на пописот се нашле во Македонија. Резиденти се и странците со поднесено барање за признавање право на азил.
Нерезиденти, пак се лицата лицата државјани на Македонија кои во времето на пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци поради работа или друга причина како и членовите на нивните семејства. Нерезиденти се и лицата странци кои престојуваат во земјава до 12 месеци односно помалку од една година со одобрение за привремен престој.ПРИТВОР ЗА КРЕАТОРОТ И АДМИНИСТРАТОРОТ НА „ЈАВНА СОБА“
Креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ завршија зад решетки.
Тие беа на распит во Кривичниот суд и добија 30 дневен притвор, информираа од Кривичниот суд.
„Судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“, наведуваат од Кривичниот суд.
АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП
Голем број на полицајци, инспектори, припадници на специјалните единици апсат на повеќе локации низ градот Прилеп.
Од неофицијални извори Маркукуле.мк дознава дека се уништува голема дилерска мрежа на дрога во која биле вклучени менаџери на локали, хотели, полицајци, која подолг период дилала дрога на повеќе локации.ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЌЕ СЕ ПРИЈАВУВАМЕ ОНЛАЈН
По примерот на Србија, и кај нас Министерството за здравство подготвува веб-страница, на која граѓаните ќе може да се пријавуваат за примање на вакцината против Ковид-19.
Оттаму потврдуваат дека во тек се подготовките на страницата сајтот.
Инаку, во Србија веќе функционира овој систем каде заинтересираните граѓани наведуваат свои генералии, а имаат можност да изберат и на кој пункт би сакале да се вакцинираат. Освен тоа наведуваат и телефоински број, на кој подоцна добиваат известување кога е нивниот термин за вакцинација.ДЕНЕСКА ИМА 314 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Денеска се регистрирани 314 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 94.196, оздравени се 210 пациенти – починати се 8 лицa.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2,161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1
Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:
Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2, Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани – по 1
Пријавени се вкупно 8 починати лица.
Починати се по 2 пациенти од Куманово (73г и 81г) и од Охрид (55г и 85г) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80г), Велес (54г), Струмица (80г) и Берово (84г).ЧИТАЈТЕ УШТЕ
