Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силни земјотреси во Хрватска, бројот на жртви расте

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силни земјотреси во Хрватска, бројот на жртви расте

СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ПОГОДИЈА ХРВАТСКА

Силен земјотрес ја погоди Хрватска, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени беше во близина на Петриња, но тој беше силно почувствуван низ цела Хрватска.

"Ги повикуваме граѓаните да излезат на отворено ако се во можност и да се оддалечат од зградите во опасност од уривање. Луѓето на повисоките катови треба да бараат носечки ѕидови", соопшти полицијата

После тој земјотрес, се почувствува уште еден помал.

Како што ни раскажуваат чутателите на Индејс.хр, тој се чувствувал во Риека, Вуковар, Сплит ...

„Имаше многу силен земјотрес во Осиек. Тој се тресеше повеќе од 10 секунди. Живеам во центарот на градот на првиот кат од зградата, се нишаше борово дрво, лустерите, мебел, јас лично ме тресеа заедно со столче. Многу непријатно“, раскажува жител.

Лекарката Ивана Шмит, кардиолог во Општата болница во Сисак, во моментот на земјотресот била на одделот за внатрешна медицина и набргу по земјотресот отишла да ги спаси пациентите од болницата во Петриња. 

Во близина на Сисак се почувствувани два нови земјотреси. 

Околу 18:30 часот, ЕМСЦ забележа земјотрес со јачина од 3,9 степени. Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 3,9 степени  повторно ја потресе земјата. 

ВЛАДАТА ЌЕ ПОМОГНЕ СО 100.000 ЕВРА

Македонската Влада со финансиска помош ќе помогне на Хрватска. 

„Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за финанска поддршка од 100.000 евра за Хрватска“, соопшти генералниот секретар Мухамед Зеќири. 

Вчера и денеска, земјата ја погодија повеќе потреси, при што има и жртва. 

Земјотресот е почувствуван во целиот регион. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА СКОРО 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61,  Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.

Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

ГРАД СКОПЈЕ ГО КАЗНИ ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ МОЛЕШЕ ПРЕД СПОМЕНИОТ НА ЦАР САМОИЛ

Град Скопје извести дека возачот кој со автомобил се паркираше на Плоштад Македонија и се молеше пред споменикот на Цар Самоил во Скопје е казнет со 50 евра.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, објави градската служба.

На социјалните мрежи се појави ново видео на кое се гледа дека возач повторно со автомобилот влезе на плоштадот во Скопје.  Може да се забележи како возачот клекнува и се крсти пред споменикот на Цар Самоил. Претходно, арачиновец влета на плоштад, за што доби парична казна од 45 евра. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа Нова година ќе помине без снег и снежна покривка барем во градовите, додека снег веќе има на повисоките планински места низ државава, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Државата го стимулира производството на електрична енергија од обновливи извори односно ветар, вода, био гас и биомаса енергенси кои не ја загадуваат животната средина.

Данела Арсовска е претседател на Сојузот на стопански комори и меѓу жените најголеми претставници на домашното претприемништво и активизам на меѓународен план. Таа е креатор на многу сугестии кои се преточиле во конкретни економски мерки. Вели дека најголема желба и е таа што ја имаат сите - крај на епидемијата. 

Никола Љушев е Главен извршен директор на Македонски Телеком, нашата најголема телекомуникациска компанија. За Фактор вели дека пандемијата со коронавирусот светот го смени преку ноќ, но и не научи на важни лекции. 

Проф. Д-р Глигор Бишев е претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка, исклучителен познавач на пазарите, финансиските текови, банкарскиот сектор. Очекува во 2021 година КОВИД-19 пандемијата да биде ставена под контрола, а економскиот раст да го водат иновациите, новите технологии и инвестициите во зелена економија.

Слично

Поврзани вести