Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова вели дека претседателите се шегувале со неа за владиното авионче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова вели дека претседателите се шегувале со неа за владиното авионче

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ВЕЛИ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ШЕГУВАЛЕ СО НЕА ЗА ВЛАДИНОТО АВИОНЧЕ

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја поддржува намерата на Службата за општи и заеднички работи да се купи нов владин авион. Според шефот на државата, актуелниот „лирџет“ е мал и стар.

- Владиното авионче, како што ми велат колегите од регионот, е тоа на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене. Потребата од владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина отколку користењето комерцијален лет. 

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА 100-ТЕ ДЕНА МАНДАТ

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска даде отчет за 100 дена мандат. 

Вели дека затекнал хаос и дека сега има видливи резултати. 

„Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, знаев дека не ме чека лесна задача. Наследивме град на раб на финансиски колапс - празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра. Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните. Но, заедно добивме нешто многу повредно од сè, вашата доверба. И си дадов збор дека таа доверба нема да биде изневерена. Дека нема да се криеме зад изговори и нема да покажуваме со прст. Ќе работиме. Чесно. Одговорно. До крај! Сто дена подоцна - резултатите се видливи. За само три месеци ги намаливме обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и воведување финансиска дисциплина. Ја стабилизиравме исплатата на платите во јавните претпријатија. Отстранивме над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа. Ставивме ред таму каде што со години владеел неред. Го исчистивме градот во најголемата акција досега - над 2.500 луѓе, стотина возила и повеќе од 4.500 тони отпад отстранети за 72 часа“, вели тој.

Додаде дека го исчистиле коритото на Вардар, ги вратиле јавните простори на граѓаните, поставиле стотици заштитни столбчиња и отстраниле десетици нелегални објекти.

ВАЈЦ БАРА МАКЕДОНИЈА ДА ИСПОРАЧА РЕФОРМИ

Од суштинско значење за евроинтеграцјата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност е сите политички актери, особено Владата да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски, нагласува известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц во годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата, кој следната недела, на 26 февруари ќе го презентира гпред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ).

Ова ќе биде втор извештај за земјава од 2022 година, по тој минатата година кој беше усвоен од ЕП. Вајц во појаснувачката изјава во нацрт-извештајот нагласува дека оваа година има чест да го презентирам неговиот втор извештај за Северна Македонија и додава дека документот има цел да обезбеди избалансирана и објективна оценка на напредокот на земјата во процесот на пристапување и согласно воспоставената пракса се подготвува како одговор на Пакетот за проширување на ЕК за 2025 година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во огласите за вработување на кои се бара рецепционер, некаде е наведено дека кандидатот треба да зборува англиски јазик, а познавањето на други странски јазици ќе се смета за предност. Но, има и огласи каде стои дека основен англиски е доволен за оваа работна позиција.

Министерство за транспорт објави повеќе огласи со кои бара кандидати за пополнување 15 работни позиции. На веб страната на Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат заинтересирани лица кои би работеле во оваа институција.

Државата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката во текот на оваа и следните три години ќе изгради само 255 станови за комерцијална продажба во Скопје.

Слично

Поврзани вести