Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова вели дека ЕУ немала јасна стратегија за Балканот, а според Филипче извештајот е лош и губиме време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова вели дека ЕУ немала јасна стратегија за Балканот, а според Филипче извештајот е лош и губиме време

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ПАК ЈА ОБВИНИ ЕУ ЗА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме.

- Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилбост. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација, како феномен на постојано менување на границите, рече таа.

ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК Е ЛОШ И ГУБИМЕ ВРЕМЕ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата за европски прашања на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, упати критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а Владата нема политичка волја за суштински реформи.

-Овој извештај јасно кажува дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава, рече Филипче.

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку социјалните мрежи информираше дека е на Клиника каде имал операција.

„Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.

Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.

АЛБАНИЈА ГО ОТВОРИ ПОСЛЕДНИОТ КЛАСТЕР

Албанскиот премиер Еди Рама симболично пресече торта во Брисел затоа што Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со Европската Унија(ЕУ). 

Албанија во Брисел го одбележа почетокот на последниот преговарачки кластер со Европската Унија – земјоделство и кохезија – на седмата Меѓувладина конференција, каде премиерот Рама симболично пресече торта во чест на напредокот. 

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека денот е историски и за ЕУ и за Албанија, бидејќи покажува дека европската политика на проширување дава реални резултати.

OД ДЕНЕСКА СТАПУВА НА СИЛА ЗАБРАНАТА ДА СЕ ФРЛА СМЕТ ПО 22 ЧАСОТ

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. 

Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На кој јазик зборуваат мачките во Украина? Во Лвов, западниот дел на земјата, еден публицист зеде перо и напиша белешка во која се жали на една реклама на трамваите. Слоганот на рекламата е: „Првиот збор на мојата мачка – мјау“. 

Дел oд кројачите и шивачите во земјава се задоволни, а некои велат дека оди сѐ потешко. Повеќето се соочиле со истата ситуација, луѓето бараат кројачи и шивачи кога им требаат поправки, а поретко шијат облека. Во поголемите градови има по неколку кројачки дуќани, а во помалите места се случува да има само еден.

Вештачката интелигенција (ВИ) е најзначајната актуелна технологија која предизвика глобална трка меѓу државите и корпорациите, но прашањето е дали воопшто Македонија е дел од оваа трка и како може да се позиционира за корист да има пред се македонското општество, но и да не бидеме изоставени со оглед на брзиот развој на ВИ и придружните технологии.

Слично

Поврзани вести