ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ПРЕДЛОЖИ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.
При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од кабинетот.Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје.
AКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРОТИВ „БЕЛАНОЦА-БАРОН“
Четири лица се приведени, а во домот на едниот е пронајдена голема количина марихуана. Лицата се сомничнат дека е поврзани со делата злосторничко здружување и убиство. Ова е во кратки црти епилогот од денешната акција на Министерството за внатрешни работи под раководство на обвинителе од ОЈОГОКК.
НИКОЛОСКИ ОБЈАСНИ ЗА КОИ ПРОЕКТИ ЌЕ ГИ ТРОШАТ БРИТАНСКИТЕ ПАРИ
Брза пруга и нови болници ќе се градат со парите што Македонија ќе ги добие од Британија.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека Македонија добива на располагање 5 милијарди британски фунти (околу 6 милијарди евра) од британскиот Инструмент за поддршка на надворешното финансирање (UKEF) за реализација на значајни инфраструктурни проекти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Полог е синоним за претприемачи, вредни луѓе со силна приватна иницијатива, со „њух за бизнис“.
