ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова ги предложи Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПРЕДЛОЖИ ЧЛЕНОВИ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги предложи своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет: професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. За нив сега треба да гласаат пратениците во Собранието.
Претходно, Собранието го усвои новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, кој донесе измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка која академската кариера ја градела на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на приватниот МИТ Универзитет. Беше и член на Комисијата за помилување на Сиљановска-Давкова.СЕ БАРА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА СТИВЕН
Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци.
„Стивен Ивановски имаше само 16 години, го загуби животот во пожарот во Кран-Монтана, Швајцарија, каде беше со својата сестра.
Неговата сестра, за среќа преживеа.
Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила.
АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ЗАПЛЕНИ УШТЕ ЕДЕН ТАНКЕР
Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад. Ова е петта ваква американска акција за неколку недели.
Танкерот „Олина“ претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.
Американската морнарица пред 2 дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
