ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска - Давкова му го додели мандатот на Мицкоски за формирање на Влада
СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА МУ ГО ДОДЕЛИ МАНДАТОТ НА МИЦКОСКИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска може да составува влада, откако го доби мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Претседателката рече дека е убедена во можноста Мицксоки да состави влада, затоа што новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, бил изгласан со 76 пратенички гласа.
Мицкоски веќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ веќе начелно ја договориле распределбата на ешалоните.MИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГАШИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ГРАЃАНИТЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски,го повика својот коалиционен партнер Африм Гаши, кој како претседател на Собранието во ителевизиска изјава рече дека „Неговите родители се родени на Косово и дека Косово е негова татковина“.
- Не ја слушнав таа изјава на Гаши, со него сме разговарале и тој ме убедил дека ја сака Македонија. Ако рекол така, тогаш треба да им се извини на граѓаните, зоштои неговата татковина е Македонија и плата зема од Македонија, рече мандатарот.МИЦОТАКИС СО ПОРАКА ДО МИЦКОСКИ
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упати порака до идниот македонски премиер Христијан Мицкоски во однос на Договорот од Преспа.
„Договорот од Преспа и едното име Северна Македонија, ерга омнес, за сите, беше основниот предуслов Северна Македонија да влезе во НАТО“, изјави Мицотакис во интервјуто за државната телевизија „ЕРТ“.
Тој посочи дека позицијата премиер е институционално тело, а не индивидуално, но и коментираше дека станува збор за „непотребна димензија што ги комплицира односите меѓу двете држави“, јави дописничката на МИА од Атина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Академик Владо Камбовски да продолжи да биде независен член на Нсадзорниот одбор на ТТК Банка.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
