ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шпанскиот амбасадор вели дека и по промена на Уставот, може да има пречки од други земји
ШПАНСКИОТ АМБАСАДОР ВЕЛИ ДЕКА СЕ МОЖНИ ПРЕЧКИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ НА ПАТОТ КОН ЕУ
Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ, вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки.
Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.
„Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција“, рече амбасадорот за извештајот на ЕК за Македонија.БАДНИКАРИТЕ НАБРАА ГРАНЧИЊА
КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СО ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ВЛЕЗ ВО ЕУ НИ ЗА 100 ГОДИНИ
Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, сите кои го кочат европскиот пат, им ја одземаат можноста на македонските граѓани да живеат достоинствено. Ова премиерот го кажа во интервју за Цивил медиа. Кажа дека во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија била во изолација.
„Тогаш бевме заедно со Хрватска и дури и предничевме, а денеска Хрватска е членка на ЕУ, а ние сме со отпочнати преговори со ЕУ. Многу години и многу генерации изгубени. Тоа не смееме да го дозволиме да се случи пак. Со ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ ниту за 100 години и тоа и многу јасно го кажа Мицкоски, јавно, на телевизија. Самиот потврди дека тие немаат намера да го продолжат европскиот пат. Како што кажа тој, ‘може да бидат и сто години’, а ‘можеби и никогаш да не биде’. И затоа е јасно дека доколку ВМРО ДПМНЕ ја преземе власта, државава е осудена на изолација, иста каква што гледавме 11 години, со тоа што последиците сега ќе бидат несразмерно поголеми и на штета на граѓаните“, вели премиерот.ПОЖАРНИКАРИ СПАСИЈА ЧОВЕК КОЈ ПАДНАЛ ВО БУНАР
Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасувачка акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени.
Лицето било, живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот, за да го спасат.НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БЕЛГРАД
Не се смируваат тензиите во српската престолнина Белград. Претставници на опозицијата и граѓани веќе еден час се пред градското Собрание. Не се откажуваат и покрај големото полициско обезбедување да влезат во Собранието за, како што рекоа, да ја одбранат демократијата и волјата на народот: Обвинуваат дека власта ги украде изборите.
Лидерот на СНС, Милош Вучевиќ го осуди вечерашното насилство на улиците на Белград, каде демонстрантите предводени од претставници на листата „Србија против насилството“ насилно се обидоа да влезат во градското собрание.И РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ
Освен што европските земји бараат работници, сега и Русија има потреба од кадар.
На државата годинава ѝ недостасувале 4,8 милиони работници, а проблемот ќе продолжи и во текот на идната година, изјавиле експерти од Економскиот институт на Руската академија за науки за весникот „Известија“.