ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче
ШИЛЕГОВ БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ
Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и член на СДСМ, со пост на Фејсбук побара оставка од лидерот Венко Филипче.
„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…” Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, пишува Шилегов.СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ПАКЕТОТ ЗАКОНИ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“
Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка. Тие се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.
ЉУПЧО ПЕЦОВ-ЃАВОЛОТ Е ПУШТЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР
Контроверзниот бизнисмен со нафтени деривати Љупчо Пецов - Ѓаволот по втората поднесена жалба е пуштен од ефективен во домашен притвор, во случај поврзан и со апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој беше фатен во обид како адвокат со 100.000 евра да поткупи судија за да суди во корист на осомничениот неготински трговец.
ГРЧКОТО МНР РЕАГИРАШЕ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ИМЕТО
Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше денеска за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој за внатрешнополитички цели тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче почнал да ја нарекува така земјата наместо Северна Македонија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
