Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест жртви на коронавирусот, за 1 Мај ограничено движење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест жртви на коронавирусот,  за 1 Мај ограничено движење

НОВИ ШЕСТ ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Црн биланс, во изминатово деноноќие дури шест починати од коронавирусот.

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од КОВИД-19.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
- Скопје 11
- Куманово 2
- Струга 1
- Велес 3
- Кавадарци 2
- Гостивар 2
- Неготино 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, а на починати е 71 лице. Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

ВО ПЕТОК, САБОТА И НЕДЕЛА ДВИЖЕЊЕ ДО 14 ЧАСОТ

За првомајските празници, во петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14:00 часот, одлучи Владата на денешната седница.

За првомајските празници, во петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14:00 часот

На денешната 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници. 

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.

НЕМА КРАТЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите, судиите и обвинителите ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19, реагираат од Владата. 

Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на  2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста.

„Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19. Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот“, реагираат од Владата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За ромските населби вообичаено е што многу луѓе живеат во малo и густо населени улички, честопати без потребните инфраструктурни услови.

Како што и најави, Владата донесе Уредба со која за време на вонредната состојба ќе се регулира организирањето на игри на среќа преку интернет, што ќе важи за казината, автомат клубовите и обложувалниците. 

„Осигурување Македонија“ лани оствари добивка од 1,38 милиони евра. Досега е втора според успех од пет осигурителни компании кои објавија податоци за работењето лани. 

Големата дупка во буџетот на приходите од нафтените деривати е една од клучните причини поради кои државата одлучи да ја зголеми акцизата на горивата. 

Субспецијалист по социјална психијатрија. До 2018 година раководи со ЈЗУ„ Психијатриска болница Скопје “, а од август 2019 година е прв човек на Здравствен дом Скопје. Д-р. Виктор Исјановски, заедно со тимот што сега го предводи, се на првата линија во борбата со пандемијата на корона-вирусот. 

Владата повторно го дозволува извозот на дезинфициенси од земјава. Тоа е наведено во најновата владина Одлука, објавена во вчерашниот број на Службен весник. Одлуката е поставена и на веб страницата на Царинската управа.

Митра Дупчинова пензионерка од Битола креативно го користи времето додека се на сила мерките за ограничени движење, поради пандемијата со коронавирусот.

Слично

Поврзани вести