Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест нови заразени со коронавирус, Дебар и Центар Жупа живеат во карантин

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест нови заразени со коронавирус, Дебар и Центар Жупа живеат во карантин

ТЕСТИРАНИ 12 ЛУЃЕ, ИМА 6 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6. 

Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје. 

Другите заболени се од Дебар.

Следните денови ќе биде зајакнат кадарот во болницата во Дебар. 

Граничниот премин на аеродромот Свети Апостол Павле за 48 часа ќе се затвори. 

Сите продавници во моловите да се затворат, освен маркети, продавници за храна и аптеки, бара Владата. 

ДЕБАР И ЖУПА ВО КАРАНТИН

Д-р Арбен Аголи им порача на дебрани за време на кризната состојба прогласена поради повеќе заразени од коронавирусот во нивниот град, да седат дома.

Повика да не се фрлаат ракавиците и маските на земја. 

,,Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде,фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата,благодарам“- порача тој.

За Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба. 

СПАСОВСКИ ПОВИКА НА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ

Сега е време да покажеме дека сме организирано општество, изјави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски. 

Вели дека сите граѓани мора да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. 

Спасовски рече дека кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 дена, а потоа ќе се знае дали ќе има продолжување. 

„Ќе бидеме тука, ќе бидеме отворени, и да решиме што е во интерес за граѓаните“, вели премиерот. 

Денеска сме тука во гарнизонот, во касарната во Тетово, каде што втората екипа која заминува за Дебар е веќе подготвена, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Мораториум за сите партиски активности ќе има до 22 месецов. 

СЕ ЗАТВОРААТ ГРАНИЦИ

Косово ја затвори границата со Македонија, се пропуштаат само лицата со косовско државјанство. 

Оваа одлука е донесена од косовската влада како мерка на претпазливост против коронавирусот.

Коронавирусот ги затвори границите во Европа. 

Многу европски држави поради ширењето на коронавирусот ги затвораат своите граници и најавуваат нови рестриктивни мерки во следните денови.

Данска, Полска и Чешка го забранија влезот на своја територи за сите странци, а Прага им воведе забрана на своите државјани за излез од земјата.

ЌЕ ТРПИ ТУРИЗМОТ

Oгромни штети трпи туризмот поради ширењето на коронавирусот.

Штетите ќе се бројат во милиони евра и ќе треба време за да се стабилизира состојбата. Ова ќе се одрази на нашата земја, но и глобално.

„Кога се работи за кризи од загрозувачки карактер по здравјето на луѓето, непредвидливоста и неможноста за контролирање на широк географски простор доведува и до драстично негативно влијание врз патничките движења, до сите дестинации за нормално одвивање на туристичкиот процес.

Слично

Поврзани вести