Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс

ШЕСТИ ЛИЦА ДОБИЈА ПРИТВОР ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЛАЖНИОТ БОТОКС

На шест од осомничените во истрагата за нелегално внесени лекови и медицински помагала во земјава Основниот кривичен суд им определи ефективен притвор, а четворица ќе бидат во куќен притвор.

Од Кривичен информираат дека за девет лица се определени мерки на претпазливост.

„Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите девет предлози за притвор, судот уважи шест, а одби три и на овие 3 осомничени им определи мерка куќен притвор“, се вели во соопштението од Кривичен.

НЕБЕЗБЕДЕН ТЕРЕН ОКОЛУ ТЕМЕЛНАТА ЈАМА Е ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КИСЕЛА ВОДА

Небезеден терен околу темелната јама, причина за несреќата на градилиште во Кисела Вода, потврдиле од Инспекторатот за труд за ТВ 24. 

„Од страна на инспекторот од областа РО (работни односи) утврдено е дека сите ангажирани работници инволвирани во несреќата биле во работен однос кај подизведувачот. Од областа на Безбедност и Здравје при работа, утврдено е дека не биле превземени колективни мерки за заштита, односно не било направено подградување на ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од обрушување на земјиштето, што е и причина за несреќата на работа. Дадена е усмена забрана за работа на градилиштето, нотирана на првичниот записник и задолжение да се достави целокупната документација, која се однесува на безбедноста и здравјето при работа“, велат оттаму. 

ЌЕ БИДАТ НАБАВЕНИ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА

Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ДОСТАВУВАЧ ОД ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ СЕ ПОД ИСТРАГА ЗА МИТО

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.

Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до 7 април 2026 година директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60.000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести