Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ

САД СО РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Сенатот на САД донесе резолуција за поддршка за датум за почеток на преговорите на на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Резолуцијата е поднесена од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис.

Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се заложат по ова прашање за Македонија, објави Гласот на Америка.

ВОЗАЧОТ НА ПАЛЧО Е ПУШТЕН ОД ПРИТВОР

Стефан Димковски, возачот кој го возеше Љупчо Палевски-Палчо,главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, низ Србија, Бугарија и Турција, е пуштен да се брани од слобода.

Димковски е осомничен за помагање при бегство на Палчо, а одлуката за укинување на ефективниот притвор ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му ја продолжуваше мерката.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, потврдија и од Обвинителството.

ЈАНАКИЕСКИ ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ НА СЛОБОДА

За повеќе од два месеци, екс министерот Миле Јанакиески ќе биде на слобода. Апелација ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучи да излезе од затвор на 16 јуни 2024 година.

„Согласно донесеното решение, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Миле Јанакиески наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, стои во решението на Апелациониот суд Скопје.

НА СИНОТ НА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ НАМЕСТО ВЕНЧАНИЦА МУ ИЗДАЛЕ УМРЕНИЦА

Стигна извинување до градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. Управата за водењето на матични книги му се извини на Јакимовски што син му и снаата наместо венчаница добиле умреница. 

Од Управата велат дека е направен увид и утврден е пропуст.

„Административниот службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје во краток рок ќе биде санкциониран во согласност со Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, велат од Управата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Податоците од последниот извештај на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај откриваат дека платите на малкуте вработени се навистина „задоволителни“.

Потребните скоро 23.000 евра за лекувањето на Кара Селовски во болницата во Барселона се собрани.

Фактот дека работната сила може да се движи во Македонија, Албанија и Србија, земји кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, дава надеж дека земјава ќе има бенефит и ќе се најдат сезонци за повеќе сектори.

Владата преку Службата за општи и заеднички работи продолжува со нов циклус набавка на возила под лизинг, но нема да продолжи со досегашните, туку се бара тие да бидат нови.

Иако се подеднакво успешни во своето работење како директорки на компаниите, жените многу малку добиваат раководни и управувачки позиции.

Вложувањата во зелена енергија се исплатливи само ако имаат бенефицирана цена од државата и ако струјата се произведува од ветар, од метан или од вода. 

Слично

Поврзани вести