ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејствата на загинатите од Кочани порачаа дека нивниот молк нема да трае долго
СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ЌЕ ДАДАТ ИСКАЗИ
Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.
Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.
ПОВТОРНО ИМАШЕ МАРШ ВО КОЧАНИ
Во Кочани денеска се одржа седмиот „Марш на ангелите“ на кој излегоа семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот, молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но, нашиот молк нема да трае долго како вашето судење”, порачаа семејствата.МАКЕДОНИЈА ГИ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, порача премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.
Вели дека чествувањето на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува.НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА ОД СКОПЈЕ ДО ЛАРНАКА
Од крајот на октомври од Скопје повторно ќе има авионска линија до Ларнака, Кипар. Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека „Визер“ ќе лета од Меѓународниот аеродром Скопје до Кипар.
ВЛАСТА НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ
Oд власта најавуваат инвестициски бум.
ВМРО-ДПМНЕ информира дека со Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, на располагање на Македонија ќе стои најголема досега економска рамка во вредност од 6 милијарди евра. Од партијата посочуваат дека договорот овозможува реализација на стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои како еден од клучните го истакнуваат проектот за изградба на брза железница на Коридорот 10.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
