Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум полициски службеници од Штип и Кочани добија притвор од 30 дена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум полициски службеници од Штип и Кочани добија притвор од 30 дена

СЕДУМ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ШТИП И КОЧАНИ ОДАТ ВО ПРИТВОР

Седумте полицајци од Штип и Кочани одат во притвор. 

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:

„Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото. 

ЗАБРАНА ЗА ЛЕТАЊЕ ДРОНОВИ

Забрана за вршење операции со дронови е издадена за територија на осум општини. 

Oва се однесува за Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со околните места, Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и Чифлик, Струмица со околните места, Пробиштип со околните места, Македонска Каменица со околните места, Виница, вклучувајќи го село Митец и Скопје – гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, гробиштата во село Горно Лисиче и во село Горно Нерези.

Министерството за внатрешни работи(МВР) ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на осум општини. 

ЗА УТРЕ ИМА И ПРОТОКОЛ ЗА НОВИНАРИТЕ 

Утврден е безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани.

Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Освен со тешките изгореници од втор и трет степен, пациентите повредени во трагедијата во Кочани се соочуваат и со сериозни последици од вдишување на токсични гасови. Вкупниот број на хоспитализирани надмина 160, а половина од нив се префрлени во болниците во соседството, но од денеска и во подалечните европски земји, Италија, Холандија, Белгија, Литванија.

Во Македонија сведоци сме дека често за прослави граѓаните си прават огномети на своја рака, но тоа е голем ризик по здравјето и животот на луѓето. Огнометот мора да се пријави во полиција, но и него треба да го организираат стручни лица.

Во изминатите две години (2023/2024) се набавувале нови службени возила за државните институции и општини. Од друга страна, здравствените установи кубурат со амбулантни возил, додека противпожарната заштита во земјава користи возила уште од минатиот век.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска до добри вести за пациентите кои се лекуваат во земјава и во странство, после ужасната трагедија која се случи во Кочани, и во којха животот го загубија 59 млади лица, а беа повредени околу 200. 

Корупцијата нѐ убива. Со оваа реченица во разговор за Фактор долгогодишниот „безбедњак“ и истакнат професор Владимир Пивоваров ја опишува целата несреќна и кобна судбина што ја снајде државата, откако во страотен пожар во импровизирана дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе.

Слично

Поврзани вести